Транспаренси Интернешнл-Македонија на почетокот на 2024 година го објави извештајот: „Национален систем за интегритет на Северна Македонија”.
Извештајот беше подготвен во рамки на проектот „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, којшто е финансиран од Европската Унија и Владата на Швајцарија.
НИС извештајот содржи анализа на состојбата со столбовите на интегритет на државата во однос на корупцијата и ефективноста на националните напори за справување со корупцијата.
Јавното обвинителство е најниско оценетиот столб во рамките на Националниот систем за интегритет, со вкупна оцена 38,9.
- OJOOKK и ДКСК треба да воспостават секојдневна комуникација и соработка за делата поврзани со корупција преку потпишување меморандум
- Владата треба да обезбеди финансиски средства за дополнителни човечки ресурси на јавното обвинителство и истражните центри задолжени за истрага на корупцијата
- Главниот обвинител на ОЈООКК треба редовно да го известува Собранието за спроведување на механизмите за отчетност, како што се дисциплински случаи поплаки на граѓани и отпуштања поради повреда на службените должности
- Треба да се формира независна дисциплинска комисија за да се создаде независно тело кое ќе ги истражува жалбите против јавните обвинители и ќе обезбеди одговорност.
- Владата треба да усвои регулаторни одредби за да го заштити лицето кое поднесува жалба против јавен обвинител
- Јавното обвинителство треба да обезбеди заштитен канал за известување за укажувачите врз основа на Законот за заштита на укажувачите
- Јавното обвинителство треба да создаде посебен етички комитет кој ќе обезбеди граѓаните да можат приватно да поднесуваат жалби за однесувањето на јавните обвинители особено во однос на нивните контакти гостопримство или интереси.
Национален систем за интегритет – оцена за Република Северна Македонија