Благоја Пандовски на 05.08 гостуваше во информативната емисија „За или Против“ на телевизија Алфа. Тема на емисијата беше „корупцијата во Македонија“.
Пандовски го истакна својот став за причините за распростанетоста на корупцијата во државата, а исто така даде осврт и на актуелните настани од претходниот период коишто беа дел од Барометарот на корупција, редовната месечна активност на Транспаренси Интернешнл-Македонија за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, наречена „Бистро-Матно“.