Во 2024 година, Транспаренси Интернешнл-Македонија го подготви третиот по ред Национален систем за интегритет (НСИ) како дел од проектот: „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, финансиран од страна на Европската Унија и Владата на Швајцарија. Националниот систем за интегритет (НСИ) ги опфаќа главните институции за управување во земјата кои се борат против корупцијата. Во рамките на оваа анализа се оценуваат 15 столбови.
Судството иако е меѓу најважните гранки во борбата против корупцијата, има оцена од 50.68 во рамките на Националниот систем на интегритет.
Оцената за капацитет се состои од оцена за ресурсите и независноста на институцијата и изнесува 68.75.
Буџетот на судството е недоволен за неговите потреби, а не го достигнува ни законски пропишаниот минимален износ. Исто така, човечките и инфраструктурните капацитети се недоволни. И покрај сеопфатната законска рамка и воведувањето нови критериуми, методологии и правила за обезбедување независност и непристрасност на судството и правилно функционирање на судскиот систем, најновите истражувања и практики покажаа големо влијание во судството, главно од страна на партии кои имаат пристап до одредени позиции во судството.
Во делот на управување се оценува транспарентноста, отчетноста и интегритетот и овој столб има оцена 50.
Иако судството одржува активни и транспарентни веб-страници, тешко е да се добијат консолидирани информации за судскиот буџет, а клучните информации како и статистиката на случаите недостасуваат на веб-страницата на Министерството за правда. Практиката на повикување на одговорност од членовите на судството се смета за недоволна и неефикасна поради недовербата, големиот број жалби и малиот број разгледани случаи. Постојат механизми за обезбедување интегритет на членовите на судството, но исто така се сметаат за недоволни и немаат одредби за ограничувања за вработување по завршување на судиската функција.
Улогата го вклучува гонењето на корупцијата и надзорот врз власт и е оценета со 33.3.
Посветеноста на судството за борба против корупцијата може да се доведе во прашање поради малиот број на успешно завршени предмети. Извештаите укажуваат на системски проблеми во судството и обвинителството, каде што има влијание од владејачките партии и недостаток на соодветна одговорност и механизми за интегритет.
Препораки за столбот:
- Врховниот суд треба да
- го ревидира етичкиот кодекс за да вклучи одржливо и постојано тело за негово спроведување
- го зајакне механизмот за негова имплементација и отчетност и поефективно да го следи на имплементацијата на етичкиот кодекс
- Судскиот совет треба
- да донесе нови процедури за примање пријави од граѓани поврзани со судир на интереси и друго несоодветно и неетичко однесување кај судиите
- да воспостави канал за заштита и известување на укажувачите за да им овозможи на судиите со интегритет или други заинтересирани страни да известуваат за случаи на влијание врз судиите и нивните одлуки
- Владата треба да обезбеди доволно финансиски и човечки ресурси за судството
- Врховниот суд и судскиот совет треба да
- објавуваат консолидирани информации за судскиот буџет
- се осигураат дека одлуките и годишните извештаи објавени на веб-страницата на Судскиот совет се во формат погоден за корисниците.
Ова видео е подготвено во рамките на проектот: „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, имплементиран од Транспаренси Интернешнл- Македонија, а финансиран од страна на Европската Унија и Владата на Швајцарија.