Во ера на дигитализација достапноста од отворени податоци е од исклучителна важност и за борбата против корупцијата. Транспаренси Интернешнл- Македонија во рамките на проектот: „Следење на интегритетот во Западен Балкан и Турција: граѓански организации во борбата против корупцијата со податоци за политичкиот интегритет“ ќе подготви податочен сет за политичко финансирањње.
Партиите имаат право да добиваат јавни средства за редовното функционирање и за изборните активности, а исто така може да се финансираат и од приватни донации и членарини.
Политичките партии се обврзани да ги објавуваат своите финансиски извештаи, што треба да се достават до различни институции во различно време, а треба да ги објавуваат и на своите веб-страници. Но, некои од партиите не ги објавуваат јавно нивните финансиски информации на нивните веб-страници а, кога го прават тоа, тоа често не е во отворен формат во кој може да се пребарува. Подготвената база на податоци во рамките на овој проект ќе овозможи лесен преглед на политичкото финансирање. Оваа база на податоци ќе може да се користи од страна на различни засегнати страни кои преку отворени податоци може да ги повикаат на одговорност високите функционери за нивно работење кое е спротивно со законот. Сите заедно треба да се вклучиме во борбата против корупцијата. Користи отворени податоци за зајакнување на политичкиот интегритет.