Транспаренси Интернешнл– Македонија во рамките на проектот: „Следење на интегритетот во Западен Балкан и Турција: граѓански организации во борбата против корупцијата со податоци за политичкиот интегритет“ ќе подготви податочен сет за добиени концесии за истражување на минерални добра и изградба на мали хидроцентрали.
Проектот е насочен да ги зајакне граѓаните и актерите од граѓанското општество во Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Турција да бараат одговорност од носители на политички функции за интегритетот на политичкото финансирање, донесувањето закони и распределбата на ресурсите. Зајакнатиот политички интегритет треба да поттикне повеќе јавни одлуки во согласност со општото добро.
Достапноста од отворени податоци е од исклучителна важност и за борбата против корупцијата. Транспаренси Интернешнл-Македонија ќе подготви база на податоци во којашто ќе вклучи информации за добиени концесии за истражување на минерални добра и изградба на мали хидроцентрали. Потребни се отворени податоци и лесен преглед на доделени концесии за да се информираат граѓаните и сите засегнати страни за ова исклучително прашање. Отвореноста на овие податоци има јасна релевантност поради економските и еколошките последици од овие одлуки.