Вчера до пратениците во Собранието е доставен Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, во насока на зголемување на транспарентноста на постапката на донесување на урбанистички планови и одобрување на урбанистички проекти со цел зголемено и навремено учество на јавноста, Советот на општината и со тоа намалување на ризиците од корупција.
Поддршка за предлог измените даваат следните граѓански организации: Транспаренси Интернешнл-Македонија, Go Green – биди зелен, Борба за Влае, Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Евротинк – Центар за европски стратегии, Институт за човекови права, Институт за демократија Социетас цивилис Скопје, Коалиција сите за правично судење, Македонски центар за меѓународна соработка, Метаморфозис, Центар за граѓански комуникации и Центар за истражување и креирање политики.
ТИ-Македонија за потребите на ДКСК во 2021 година изработи Анализа на правната рамка во областите на просторното планирање, урбанизмот и градежништвото со можни ризици од корупција и методологија за следење на препораките која може да се погледне на следниот линк.