Благоја Пандовски, претседател на „Транспаренси Интернешнл-Македонија“ беше дел од 4-та сесија на Работната група 6 „Антикорупција“ (Поглавје 5-Јавни набавки; Поглавје 18-Статистика; Поглавје 32-Финансиска контрола) на тема: „Податоци на кои им веруваме: Предуслов за посилна економија и ефикасна борба со корупцијата“, која се одржа во Скопје, во организација на Европско движење во Република Северна Македонија во рамките на проектот Национална конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК).
Благоја Пандовски, претседател на „Транспаренси Интернешнл-Македонија“ ја појасни улогата на организацијата во борбата против корупцијата, истакнувајќи го начинот на којшто се изработува Барометарот на корупцијата, редовната месечна активност на Транспаренси Интернешнл-Македонија за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања во борбата против корупцијата, наречена „Бистро-Матно“, како и Националниот систем за интегритет, којшто ги опфаќа главните институции за управување во земјата коишто се борат против корупцијата. Тој исто така се задржа и на Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК), а го објасни и начинот на којшто функционираат платформите на Транспаренси Интернешнл-Македонија преку коишто граѓаните можат да пријават корупција и неправилности. Исто така го објасни импактот на ТИ-Македонија преку овие активности, во креирањето на јавното мислење во борбата против корупцијата .
Пандовски исто така додаде дека корупцијата честопати не се гони од страна на целиот синџир институции надлежни за тоа.