На 24 септември 2024 се одржа средба помеѓу претставници на Транспаренси Интернешнл- Македонија и првиот советник на француската амбасада г-дин Филип Маршето.
Оваа средба беше организирана за да се презентираат проектните активности на организацијата, активностите коишто се преземаат во однос на тековните случувања во борбата против корупцијата и можности за заедничка соработка.
Претставниците на Транспаренси Интернешнл- Македонија ги презентираa наодите од своите истражувања, потенцирајќи ги позитивните и негативните страни на институционално ниво во борбата против корупцијата. Дел од фокусот беше ставен на состојбите што треба да се подобрат, начините на коишто се работи за тоа и соработката со институциите.
Транспаренси Интернешнл- Македонија изрази подготвеност за соработка и размена на добри практики и искуства коишто може да бидат искористени од двете страни за подобрување на состојбата со владеењето на правото и борбата против корупцијата.