Во периодот од 25 до 27 септември 2024 година Транспаренси Интернешнл одржа регионален состанок во Трнава, Словачка. На состанокот беа присутни 40 претставници од Европа и Централна Азија,
Претставник од Транспаренси Интернешнл- Македонија беше Методи Зајков, Генерален секретар.
Целта на регионалниот состанок на претставниците на ограноците за Транспаренси Интернешнл од Европа и Централна Азија беше да ги разменат и истражат можностите за заеднички акции, поврзување и споделување на најдобрите практики и предизвици и развој на нови иницијативи.
Како одговор на актуелните предизвици во регионот, основната тема на регионалниот состанок во 2024 година ќе биде падот во демократијата и владеењето на правото.