Благоја Пандовски за ТВ 24 даде свое видување на најавите за формирање на работна група којашто ќе го евидентира целиот имот сопственост на државата.
Пандовски потенцираше дека Регистар на целиот недвижен имот на државата без утврдување на фактичката состојба на лице место би бил само обичен документ.
За успешен процес потребен е поголем човечки капацитет со вклучување на повеќе институции, само така може да се утврди и да се спречат злоупотребите на имотот и одредени коруптивни индиции, истакна Благоја Пандовски.
Пандовски ја поздрави најавата на министерот Фетаи за поголеми ресурси за државните служби коишто се занимаваат со спречување на криминал. Но според него, буџетот којшто е одреден за институциите, истите треба да го добијат и во пракса.