Транспаренси Интернешнл-Македонија на почетокот на 2024 година го објави извештајот: „Национален систем за интегритет-оцена за Република Северна Македонија”, којшто содржи анализа на состојбата на 15-те столбови на национален систем на интегритет во однос на корупцијата и ефективноста на националните напори за справување со корупцијата.
Извештајот беше работен во текот на 2022 и 2023 година, во рамки на проектот „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“ којшто е финансиран од Европската Унија и Владата на Швајцарија.
Во рамките на овој извештај, за првпат е направена анализа на родовата сензитивност со препораки за 14-те столбови коишто се релевантни за системот на интегритет на земјата. Анализата е направена според методологија подготвена од Транспаренси Интернешнл. Родовата сензитивност беше еден од показателите за анализа на работата на 14 од 15 столбови на коишто беше спроведена севкупната проценка.
Медиуми
Само некои портали за вести го вклучуваат гласот и перспективите на жените и покриваат прашања како што се сексуална уцена, невработеност на жените, репродуктивни права, домашно и политичко насилство врз жените.
Оцена: 50/100
Законот за еднакви можности за жените и мажите ги обврзува радиодифузерите да промовираат програми што ја подигнуваат свеста за еднаквите можности и учеството на жените и мажите во креирањето на програмските концепти и содржина.
Препораки:
Сите медиуми треба да го имплементираат Законот за еднакви можности на жените и мажите којшто ги обврзува да промовираат програми што ја подигнуваат свеста за еднакви можности и учество на жените и мажите во креирањето на програмските концепти и содржини
АВМУ треба да ги подобри своите активности за следење на стандардите за известување во новинарството и емитувањето за родовата еднаквост во сите сегменти на општеството
Медиумите треба да посветат посебно внимание за да ги истакнат проблемите со коишто се соочуваат жените и девојчињата и да се фокусираат на подигање на свеста, како и на прикажување/изнаоѓање можни решенија за проблемите со коишто се соочуваат жените и девојките во општеството