На 14-ти и 15-ти ноември во Тирана беше одржана конференција за зајакнување на отвореното владино партнерство. Конференцијата беше одржана со поддршка на албанската влада, Отворено владино партнество и регионалната академија за јавна администрација. На овој настан присутсвуваа министри, парламентарци, јавни службеници и претставници на граѓанските организации од Западен Балкан. Во текот на овие два дена беа споделени мислења, искуства и предизвици со кои земјите се случуваат при имплемнтација на обврските од отвореното владино партнерство (ОВП). Првиот ден беше отворен со министерски панел на кој се дискутираше за реформите кои отвореното владино партнерство ги носи, кои се предизивиците и кои се следните чекори. Секој од министрите даде свое видување за постигнатите цели, заложбите кои ги имаат во иднина и акциите и активностите кои се преземаат за да се исполнат обврските од ОВП.
Втората сесија беше организирана од страна на Транспаренси Интернешнл. Ограноците од земјите од Западен Блакан имаа можност да разговараат за политички интегритет и одговорност на владите преку употребата на отворени податоци. Теми како користење на отворени податоци, јавни набавки, финансирање на политички партии и останати облати кои беа покриени со Националнит систем на интегритет, анализа спроведена во секоја од земјите беа презентирани во текот на овој панел. Претставничката на Транспаренси Интернешнл- Македонија, Марија Сунчевска беше говорник на овој панел. Таа ја презентираше моменталната состојба со отворени податоци кои се однесуваат на јавните набавки, доделувањето на коцесии за експолрација на миниерални добра и изградба на мали хидроцентрали. Истакнато беше дека е потребо отворање на податоците за експлоатација на минерални суровини и изградба на мали хидроцентрали по примерот на подтаоците на јавните набавки за да може сите заинтересирани страни да дојдат на лесен начин до пребарливи податоци за овие области. Во вториот дел зборување за регистарот за вистинско сопствеништво и користењето на овие податоци како можна алатка во бобрата против корупцијата. Дискусијата беше пропратена и со прашања од публика.
Во вториот дел од првиот ден се зборуваше уште и за дигитализацијатта на услугите, пристапот до овие услуги и запознаеноста на гражаните за тоа како да ги користат. А на последната сесија беше отворено прашањето за предизвиците со кои гражанските организации се соочуваат во имплементација на плановите за отворено владино партнерство.
Вториот ден беше отворен со дискусија на парламентарците од Западен Балкан. Тие говореа за отвореноста на парламентите, спроведувањето на нивната надзорна улога и достапноста на отворени податоци за нивната работа. Настанот беше затворен со претставување на заложбите за зајакнување на ОВП и крирање нови иновативни методи.