Транспаренси Интернешнл-Македонија на почетокот на 2024 година го објави извештајот: „Национален систем за интегритет-оцена за Република Северна Македонија”, којшто содржи анализа на состојбата на 15-те столбови на национален систем на интегритет во однос на корупцијата и ефективноста на националните напори за справување со корупцијата.
Извештајот беше работен во текот на 2022 и 2023 година, во рамки на проектот „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“ којшто е финансиран од Европската Унија и Владата на Швајцарија.
Во рамките на овој извештај, за првпат е направена анализа на родовата сензитивност со препораки за 14-те столбови коишто се релевантни за системот на интегритет на земјата. Анализата е направена според методологија подготвена од Транспаренси Интернешнл. Родовата сензитивност беше еден од показателите за анализа на работата на 14 од 15 столбови на коишто беше спроведена севкупната проценка.
Јавно обвинителство
Механизмите за гонење не се родово-сензитивни, но има одредени обуки од оваа област.
Оцена: 25/100
Механизмите за жалби и истрага на обвинителството немаат експлицитни протоколи или упатства сензитивни во однос на родот. Исто така, не постои постапка за собирање податоци поделени според пол за поднесените приговори, времето на обработка на жалбите, решените или непочитуваните жалби, итн. Бројот на обвинителки во Советот на јавни обвинители е пет од девет члена, а јавното обвинителство на државата има само три жени од девет обвинители.
Препораки
Се препорачува Советот на јавни обвинители да продолжи да ја почитува родовата рамнотежа во своите назначувања и да продолжи со редовни обуки за родова еднаквост и за подигнување на свеста на мажите и жените обвинители и персоналот низ целата земја.
Се препорачува механизмите за жалби и истрага на обвинителството да вклучуваат родово-сензитивни протоколи и/ или упатства. Истовремено, треба да се започне и континуирано да се користи постапката за собирање податоци поделени по пол за поднесени претставки, време на обработка на жалби, решени или отфрлени жалби.
Се препорачува во годишните извештаи на Јавното обвинителство, сите податоци бидат поделелни според пол, вклучувајќи ги и податоците за децата како сторители на кривични дела (што не е случај на пример, во последниот објавен извештај во јули 2023 година).
Се препорачува да има континуирано градење на капацитетите за секој нов обвинител и персонал, како за жени така и за мажи, за родова еднаквост, вклучување на родовата перспектива, анализа и користење на законите и политиките од родова перспектива, како и за родово одговорно буџетирање, медиумите и онлајн присуство и употреба на платформи.
Со оглед на зголеменото онлајн насилство врз жените-политичарки и оние кои се кандидираат или имаат функции (на законодавно, извршно и судско ниво), треба да им се овозможат континуирани обуки и кампањи за подигање на свеста за жените за тоа како да се справат и да ги надминат онлајн (и офлајн) заканите што сè почесто им се испраќаат.
Национален систем на интегритет на Северна Македонија, Родови индикатори – препораки