Со состанокот на претставниците на ТИ-Македонија и ТИ-Србија, кој се одржа во Белград на 11 и 12 јуни 2025 година, беше означен почетокот на Програмата за размена на искуства (Peer Exchange Program), поддржана преку Механизмот за грантови на Транспаренси Интернешнл (Transparency International Movement Grant Mechanism), финансиран од Европската унија.
Транспарентност Србија ќе го сподели своето знаење и искуство со ТИ Македонија во спроведување на истражување, евалуација и рангирање на општините според транспарентноста, користејќи ја методологијата ИЛТ (Индекс на локална транспарентност), која ТИ Србија ја развива и имплементира веќе осум пати од 2015 година наваму. Двете организации ќе спроведат заедничко ИЛТ истражување.
Првиот состанок беше искористен за презентација на начинот на кој се собираат и анализираат податоците, на дел од примерокот од единиците на локална самоуправа, избрани од Транспарентност Србија за истражувањето. ТИ-Македонија ќе го искористи ова искуство за да го спроведе истражувањето.
На состанокот се одржа плодна дискусија во која беа споделени практични искуства, се анализираа разликите во законодавствата и индикаторите што ќе се користат за спроведување на истражувањето.
Преку вакви грантови ќе се зајакне соработката меѓу националните ограноци на Транспаренси Инетрнешнл и ќе се споделуваат практични искуства со цел градење на интерни капацитети и проширување на обемот на нивната работа.