ЈАВЕН ПОВИК
за аплицирање на кандидати за волонтирање во
Транспаренси Интернешнл – Македонија (https://transparency.mk/)
Се повикуваат сите заинтересирани кандидати, да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Транспаренси Интернешнл Македонија.
Волонтерот ќе дава поддршка при имплементирањето на активностите на организацијата.
За таа цел ги повикуваме сите заинтересирани кандидати кои сакаат да аплицираат за волонтирање да приложат уредна документација која треба да содржи:
- кратка биографија (CV);
- мотивационо писмо во кое ќе се наведат причините и мотивитите за волонтирање;
- копија од диплома или уверение за завршено високо образование (најмалку 180 кредити според ЕКТС).
Потребната документација заинтересираните кандидати треба да ја достават во електронска форма на адреса job@transparency.mk, или по пошта на следната адреса:
Транспаренси Интернешнл – Македонија
ул. Наум Наумовски Борче 58 П.Ф. 270
1000 Скопје
Периодот на траење на волонтерската работа е предмет на договор помеѓу организацијата и волонтерот, за што волонтерот ќе потпише и договор за волонтирање. Работно време на волонтерот ќе биде 20 часа неделно (половина од редовно работно време). Волонтерите за давањето на услугите, знаењата и вештините за работите за кои ќе биде ангажиран има право на надоместок на трошоци за храна и трошоците за превоз до и од местото на волонтирање најмногу во висина од 15% од просечната бруто месечна плата исплатена за претходната година




