Транспаренси Интернешнл-Македонија со конференција организирана под насловот: „Интегритетот како алатка во борбата против корупцијата“ на 09-ти декември 2025 година го одбележи Меѓународниот ден за борба против корупцијата.
Одбележувањето на овој ден се искористи пред присутните претставници од извршната, законодавната и судската власт, невладиниот сектор и претставниците од меѓународните организации, да се дискутира за интегритетот на институциите и носителите на јавни функции како моќна алатка во борбата против корупцијата.
На конференцијата свои обраќања имаа: г-дин Благоја Пандовски, Претседател на Транспаренси Интернешнл-Македонија; Н.Е. г-дин Бен Нупнау, Заменик амбасадор на Европската Унија во Република Северна Македонија; г-дин Љупчо Коцевски, Јавен обвинител на Република Северна Македонија; Г-дин Зоран Димитриевски, Врховен судија; г-дин Максим Ацевски, Главен државен ревизор и г-дин Адем Чучуљ, Претседател на Државна комисија за спречување на корупција.
Раководните лица од различни сектории имаа можност да дадат свои видувања на тема интегритет, како во сопствените институции се гради интегритет и како истиот влијае врз борбата против корупцијата. Говорниците ја истакнаа својата заложба за унапредување на меѓуинституционалната и соработката со останатите чинители во создавање на ефективни политики и активностии кои би превенирале коруптивно однесувања на носителите на јавни функции.
Транспаренси Интернешнл Македонија, исто така, ја лансираше новата Платформа Integrity Watch, сеопфатна алатка за отворени податоци – која им овозможува на граѓаните, новинарите, истражувачите и институциите лесно да следат кој ја финансира политиката, како се трошат јавните пари и кој добива концесии.
Оваа платформа ги обединува три области со висок ризик за корупција:
- Финансирање на политички партии
- Јавни набавки
- Концесии за минерални ресурси и мали хидроелектрани.
Платформите Integrity Watch обезбедуваат:
- Транспарентен, лесен за користење пристап до јавни податоци
- Алатки за вкрстена проверка и анализа на информации за политички интегритет
- Поголеми можности за надзор и јавна одговорност.
Платформата е достапна на следниот линк: https://integritywatch.mk/?l=mk
#UnitedAgainstCorruption #IACD2025





