На 21 јануари 2025 година се одржа средба помеѓу претставници на Транспаренси Интернешнл – Македонија и амбасадорката на Кралството Норвешка, Н.Е. Кристин Мелсом.
Средбата беше организирана со цел да се разговара за актуелната состојба во борбата против корупцијата, активностите преземени од различни засегнати страни и успехот на досега преземените мерки.
Претставниците на Транспаренси Интернешнл – Македонија ги презентираа активностите што ги спроведуваат и со кои активно придонесуваат во борбата против корупцијата. Дискусијата продолжи со размена на мислења за тековните случувања поврзани со владеењето на правото и борбата против корупцијата. Дел од фокусот беше ставен на состојбата во судството и институциите што активно учествуваат во борбата против корупцијата.
Транспаренси Интернешнл – Македонија ја изрази својата подготвеност за соработка и размена на добри практики и искуства кои можат да се искористат од двете страни за унапредување на состојбата со владеењето на правото и борбата против корупцијата.
Транспаренси Интернешнл – Македонија изрази благодарност за континуираната поддршка од Кралството Норвешка во борбата против корупцијата и унапредувањето на доброто владеење.




