Транспаренси Интернешнл-Македонија го подготви извештајот „Национален систем за интегритет на Северна Македонија” во рамките на проектот „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, финансиран од страна на Европската Унија и Владата на Швајцарија.
Во рамките на овој извештај е направена анализа и е дадена оценка за 15 столбови, коишто се дел од државното уредување на земјата. Меѓу анализираните столбови е и Државната изборна комисија, со вкупна оцена 52,7.
Препораки за столбот
- Владата треба да го зголеми буџетот на ДИК за да ѝ овозможи соодветно да ги извршува своите редовни активности во неизборни години
- ДИК треба да спроведе функционална анализа на персоналот и потребните вештини за функционирање на ДИК
- ДИК треба да објави годишен извештај со подробности за финансиските и човечките ресурси како и сеопфатен преглед на нејзините активности и статистики за претходните избори, како и за примените жалби
- ДИК и ДКСК треба да осигурат соодветно спроведување на планот за интегритет на ДИК.
- ДИК треба да го измени постојниот етички кодекс за членовите на ДИК и за спроведување на изборите со посебни одредби за казнување во случај на утврдено неетичко однесување на персоналот и на членовите на централните и локалните изборни тела
- ДИК мора да се осигури дека техничките проблеми за броење на гласовите ќе се санираат пред следните избори и да се осигура дека истите нема повторно да се случат
- Собранието треба да го измени изборниот законик за да го намали бројот потписи од 10.000 на 5.000 потписи за независни кандидати за претседател на државата; и бројот на потписи од 1.000 на 500 за доставување список на независни кандидати за членови на собрание; и да ги намали за 50 отсто потребните потписи за независни кандидати за градоначалници за да им овозможи на повеќе независни кандидати да го исполнат прагот.
Линк до извештајот на англиски јазик: https://transparency.mk/wp-content/uploads/2024/01/national.integrity.system.assessment.2023-4.pdf