Во рамките на 21-та Меѓународната конференција за антикорупција којашто се одржа во Вилниус, Литванија беше презентиран Регионалниот Национален систем за интегритет: Помеѓу антикорупциските реформи и падот во борбата против корупцијата. Оваа публикација е подготвена во рамките на проектот: „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“ финансиран од страна на Европската Унија и Владата на Швајцарија.
Националниот систем за интегритет (НИС) ги опфаќа главните институции за управување во земјата кои се борат против корупцијата. Кога овие институции функционираат правилно, тие сочинуваат здрав и силен национален систем за интегритет, ефикасен во борбата против корупција како дел од поголемата борба против злоупотреба на моќта, недолично однесување и злоупотреба во сите нејзини форми.
И покрај различните реформи за подобрување на интегритет на политичкиот и јавниот сектор, делумно наменети за напредок кон интеграцијата во ЕУ, луѓето сè уште ја гледаат корупцијата како еден од најголемите проблеми на Западен Балкан и Турција. Корупцијата му штети на регионот на различни начини, поткопувајќи ги демократските институции и намалување на довербата во владата во целиот регион.
Анализата на НИС спроведена во периодот помеѓу септември 2022 и декември 2023 година од ограноци и партнери на Транспаренси Интернешнл во Западен Балкан и Турција ја потврдуваат загриженоста на јавноста. Проценките откриваат сложена мешавина од бавен и ограничен напредок во зајакнувањето на системите за интегритет, заедно со демократското назадување коешто силно го зголемува нивото на корупција. Наодите презентирани во овој извештај произлегуваат од сеопфатна анализа на ресурсите, независноста, транспарентноста, отчетноста и интегритетот на институциите и недржавните актери кои играат клучни улоги во борбата против корупцијата. Извештајот идентификува шест критични области кои гарантираат понатамошни антикорупциски напори: поделба на власта меѓу извршната и законодавната, правосудниот сектор, политичкиот интегритет, интегритетот на јавниот сектор, надзорните институции и граѓанското општество и медиумите, во нивната улога борба против корупцијата.
* Проект: „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, имплементиран од Транспаренси Интернешнл-Македонија, а финансиран од страна на Европската Унија и Владата на Швајцарија