Како дел од Националниот систем за интегритет подготвен во рамките на проектот: ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“ финансиран од страна на Европската Унија и Владата на Швајцарија, беше дадена и оцена за граѓанското општество.
Оценката се оформува според методологија подготвена од страна на Транспаренси Интернешнл.
Препораки за столбот
- Во 2024 г. Владата треба да го зголеми државното финансирање за граѓанските организации на 2 милиони МКД (приближно ЕУР 32,500) за да може да ги исполни своите цели во стратегијата за соработка и развој на граѓанските организации со обезбедување 30 отсто од вкупниот приход на граѓанските организации.
- ЦРСМ треба да обезбеди поддршка на капацитетот на граѓанските организации за тие да можат да бидат во согласност со Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам и Законот за заштита на личните податоци пред да издадат парични казни како што е обука и едукативни материјали.
- Владата и јавните институции треба повеќе да ги вклучат граѓанските организации во консултативните процеси и во работните групи за законските измени и за други процеси на креирање политики.
- Владата треба да го измени Законот за клевета за изрекување рестрикции и санкции на владини функционери или членови на политички партии кои јавно клеветат граѓански организации.
- ЕУ треба да воспостави фонд со други донатори или целосно да ги отстрани барањата за кофинансирање за помали граѓански организации. Донаторите треба да се осигурат дека обезбедуваат доволно финансирање и градење на капацитетите, особено за помалите граѓански организации за тие да ја развијат својата структура на транспарентност, отчетност и интегритет.
- Граѓанските организации кои имаат функции што се преклопуваат меѓу извршните и контролните структури треба да ги преструктурираат своите функции така што ќе се осигури отчетност и контрола преку независни органи.
Национален систем за интегритет – оцена за Република Северна Македонија