ЕТИЧКИ КОДЕКС НА „ТИ - МАКЕДОНИЈА“

Изјава за визијата, вредностите и водечките принципи

ТИ – Македонија и нејзините членови во својата работа ќе се раководат од визијата, вредностите и водечките принципи на здружението:

Вредности

  • Транспарентност
  • Одговорност
  • Солидарност
  • Смелост
  • Правичност
  • Демократија
  • Интегритет

Водечки принципи

ТИ Македонија се обврзува да ги почитува следните принципи:
Ние ќе соработуваме со сите домашни и странски, владини и невладини организации и тела, индивидуи и групи како и со медиумите кои се борат против корупцијата, во согласнот со политилката и приоритетите утврдени од управувачките тела на Transparency International и Транспаренси Интернешнл – Македонија;
Во нашата работа ќе бидеме демократични, партиски неопределени и неселективни;
Ќе ги почитуваме основните човекови слободи и права;
Ќе се погрижиме за тоа нашите соработници секогаш да добиваат точни и навремени извештаи за нашите активности;
Ќе се стремиме кон балансирано и рамноправно учество на  членовите во нашите управувачки тела.
Остро ќе ги осудуваме поткупот и корупцијата секогаш кога ќе бидат откриени, иако ние самите нема да именуваме индивидуални случаи на корупција;
Ставовите кои ќе ги заземаме ќе бидат засновани на сигурна, објективна и професионална анализа и високи истражувачки стандарди;
Ќе прифатиме финансирање кое нема да ја компромитира нашата можност за остварување на независни, темелни и објективни резултати;
Ние се обврзуваме да бидеме транспарентни, одговорни о отчетни во својата работа;
Ние сме согласни да градиме и работиме со и преку националните ограноци низ целиот свет;

Жалби поврзани со работата на Транспаренси Интернешнл Македонија и етичко однесување може да се поднесат на: complaint@transparency.mk