Корупцијата има најразлични облици и може да вклучува:
- Јавни службеници коишто бараат или земаат пари и услуги во замена за некаква услуга
- Политичари коишто ги злоупотребуваат јавните пари, доделуваат работни позиции или договори на своите спонзори, пријатели, семејства
- Компании коишто ги поткупуваат функционерите за да добијат поволни договори
Корупцијата вообичаено се случува дискретно и во зависност од тоа како и каде се манифестира честопати е овозможена и со помош на банките, адвокатите, сметководителите, нетранспарентните трансакции, перењето пари, несразмерното богатење.
Која е цената на корупцијата?
Политичка
-
- Слободата на граѓаните и владеењето на правото
Општествена
-
- Довербата на граѓаните во владата и системот и јавната вклученост во донесувањето на одлуки и политики
Еколошка
-
- Правото и можноста за здрава животна средина и одржлива иднина
Економска
-
- Можноста на граѓаните да имаат повеќе финансиски средства, како и да си го зголемат личниот финансиски приход