конвенција на ОН 15.05.2007 На состанокот на претставниците на граѓанското општество со германскиот канцелар Ангела Меркел, претседателот на Transparency International Хјуџет Лабел се заложи групата од осум индустријализирани нации да усвојат посилнен став против корупцијата на самитот во јуни во Хелигендам, Германија.
„Германското претседавање со Г8 досега покажа дека го разбира значењето на доброто управување и анти- корупцијата, продолжи Лабел. „Но не смее да се застане тука. Како претседавач со Г8, германија има посебна обврска да ја води Г8 кон сигурноста дека анти-корупциските мерки се централен интерес помеѓу обврските во Хелигендам и силно ќе се рефлектираат во финалното комунике. “
Корупцијата е примарниот предизвик за силна и стабилна глобална економија. Нејзиното намалување е од суштинско значење за зголемување на материјалната добробит и човечкиот развој во светски најнепривилигираните заедници, за поткрепување на демократијата, заштита на био- различноста, и засилување на глобалната инвестициска клима.
Во продолжение на состанокот Лабел ја повика Германија неодложно да ја ратификува Конвенцијата на ОН против корупција, патоказот во глобалната законска рамка. |
Анти корупциската конвенција на ОН втемелува глобална појдовна точка за регулатива и е критична точка во задржувањето на доставувачката страна на корупцијата и им помага на некои од најсиромашните земји на светот во враќање на украдени имоти. Ратификацијата од страна на Г8 ќе прати силен сигнал дека светските лидери борбата со корупцијата ја сфаќаат сериозно. Дополнително, Г8 треба да го поддржи ефективниот и адекватно заснованиот мониторг механизам за конвенцијата, со граѓанското оштество како интергрална компонента. Германија е една од четирите Г8 држави кои ја немааат ратификувано Антикорупциската конвенција на ОН. Останатите држави се Италија, Канада и Јапонија. Од исклучително значење е сите четири држави да ја ратификуваат Анти корупциската конвенција на ОН, како прашање од голема важност. |