06.06.2007 Германското претставништво на анти- корупциската организација Транспаренси Интернршнал (ТИ) денес покрена жалба заедно со германското Федерално министерство за економија и технологија против 57 германски компании за наводно плаќање на 11.9 милиони долари мито во програмата на ОН во Ирак „Нафта за храна“.
ТИ обвинува дека компаниите ги прекршиле начелата на Организацијата за економска соработка и развој усвоени од страна на Германија и 38 други влади кои поставуваат општествени, еколошки и анти- корупциски стандарди за мултинационалните корпорации. Германското федерално министерство за економија и технологија има одговорност за меѓународните договори и промовира придржување кон начелата и кога е повикано, испитува можни злоупотреби од страна на германски компании.
Поднесувањето на жалбата го означува фактот дека во една земја прв пат од владата е побарано да преземе мерки поради начелата на Организацијата за економска соработка и развој кои се однесуваат на корупцијата а во случајот поврзано со програмата „Нафта за храна“. |
Претседателот на ТИ- Германија Хансјорг Елшорст рече: „Злоупотребата на програмата ’Нафта за храна’ беше еден од најголемите корупциски скандали на нашето време, со илјадници инволвирани компании. Преземање на мерки е неопходно за да се обезбеди, особено за вмешаните компании, извлекување на последици од овој скандал“. Ширли ван Бурен, претседател на работната група за корпоративна одговорност на ТИ рече:„Нашата цел со оваа жалба е не само да погледнеме назад за да видиме како и зошто се случила корупција, но да погледнеме нанапред- да помогнеме со сигурност компаниите вмешани во случајот да се спречат повторно да станат дел од такво скандалозно однесување“.
Жалбата содржи специфични препораки како компаниите да го подобрат менаџментот на нивниот систем за превенција од корупција базиран на начелата на Организацијата за економска соработка и развој во процес надгледуван од германското Федерално министерство за економија и технологија.
57-те германски компании, меѓу кои „Линде“, „Бабкок борсиг“, Даимлер Крајслер“ и „Сименс“ се меѓу 2253 цитирани компании од независниот извештај „Вокер“ за прекршување на програмата „Нафта за храна“.
Помеѓу 1999 и 2002 година поранешниот режим на Садам Хусеин собрал 1.8 билиони долари мито од компании, нарушувајќи ја програмата сочинета да го олесни страдањето на обичните Ирачани под санкции на ОН. Извештајот „Вокер“- именуван по Паул Вокер, претседател на истрагата и поранешен претседател на Федералните резерви на САД- претстави авторитативна, детална финансиска евиденција за митото (незаконитости или прикриени плаќања) вршени од германски и останати компании за да склучат договори за снабдување на храна, лекови и хуманитарни добра а Ирак. Жалбата на ТИ е базирана на наодите од извештајот „Вокер“ објавен во 2005 година.
ТИ- Германија истакнаа дека јавните обвинители во неколку германски провинции покренале истраги за улогата на некои од 57-те германски компании вклучени во програмата на ОН. ТИ- Германија ги поздрави истрагите, но смета дека жалбата е неопходна за да се дополнат легалните процедури. Дури и ако германска компанија или член на од нејзиниот персонал е прогласен за виновен во овие истраги, не подлежи на законски обврзувања да воспостави механизми за превенција од мито во иднина. Сепак скандалот во ОН беше толку сериозен што мораме да се осигураме дека инволвираните компании ќе ги интензивираат своите напори да се придржуваат кон високите анти-корупциски стандарди на Организацијата за економска соработка и развој и да преземат конструктивни активности за нивно почитување.
ТИ ја поднесе својата жалба, позната како „специфична инстанца“ под владеење на правилата и начелата на Организацијата за економска соработка и развој, до „Националната контактна точка (НКТ)“ во Федерално министерство за економија и технологија. НКТ цели кон справување со наводни прекршувања на начелата. ТИ очекува НКТ да ги усогласии процедурите со 57-те компании за да се осигура дека вакви нарушувања нема да се повторат. |