11.07.2007 „Транспарентност нулта корупција“ во рамките на проектот „Подобрување на корпоративниот менаџмент за ’0’ толеранција за корупцијата, денес, одржа работилница посветена на агро- секторот и секторот медиуми. Целта на работилницата беше претставниците од двата сектора да ги потенциратт проблемите со кои се соочувааат во своето работење, критичните точки на корупцијата, да дискутираат и даваат предлози околу нацрт- етичкиот кодекс чијашто финална верзија би била прифатена и имплементирана од страна на субјектите од приватниот сектор.
„Борбата против корупција не може да ја води владата сама, треба да се инволвираат сите сектори заедно, а особено внимание треба да се посвети на приватниот и неговата врска со јавниот сектор“ – истакна доц.д-р Слаѓана Тасева, претседател на програмскиот совет на „Транспарентност- нулта корупција“.
Претседателот на Стопанската комора на северо- западна Македонија, Џемаил Даути истакна дека членовите на оваа комора постојано се соочуваат со корупцијата во сите општествени сфери и институции и предложи составување на етички кодекс прилагоден за помалите фирми, како и изнаоѓање начин за стимулирање на придржувањето кон истиот. |
Како што истакна проф.д-р панче Јовановски знаењето е клучен фактор во борбата против корупција. „Колку помалку се познаваат законите, колку почесто се менуваат, толку е поголема можноста за појава на корупција“- рече тој.
„Корпоративната социјална одговорност не е битна само за големите, туку и за малите и средните претпријатија. Таа е битен фактор во сузбивање на корупцијата. Потребата од усвојување на етички кодекс е нужност бидејќи бизнисот секогаш треба да се чекор понапред од легистлативата“- објасни проф. Д-р- Горан Коевски.
Новинарот од МРТВ, Решат Камбери потенцираше одредени инвестиции на државата кои оставија отворено сомневање дека некој од нив земал големи провизии. Во однос на регулаторната гилотина тој истакна дека таа требаше да се спроведе преку пошироки врати за народот имаше можност да партиципира со свои предлози. Во однос на корупцијата во новинарството тој го постави егзистенцијалното прашање како еден од изворите за корупција. Доколку некој новинар кој неколку месеци не примил плата, а вози џип од 80.000 евра јасен е изворот на парите. „ Новинарството е клучна верига во општеството. Корумпираниот новинар е полош и од корумпираниот политичар“- ситакна Камбери.
„Агро секторот во времето на транзицијата претрпе огромни штети и буквални ограбувања на комбинатите“- рече проф.д-р Антонија Јосифовска
Претставникот на ДЗС Илинден Кристијан Ристовски ја посочи нелојалната конкуренција која се служи со потплаќање со цел да дојде до одредени информации, како огромен проблен во овој сектор.
Катерина Гонева, директор на „Лион“, фабрика за кондиторски производи рече дека е исклучително тешко да се воспостави добро корпоративно управување кога едвај се обезбедуваат плати за вработените. Фаворизирање на странските производи, немање поддршка за едукација на кадри и нивно задржување, се едни од главните проблеми во нивното работење. Во исполнување на еколошките стандарди таа доброволно во повеќе наврати, се интересирала за процедурите за поставување на прочистителна станица, во министерството за животна средина, но оттаму не успеала да добие никаква реакција.
Проблемите со процедурите за добивање дозволи, кои траат и по 30 дена се клучни во месната индустрија- истакна Благоја Андоновски, претставник на „ЕКстра Меин“. Во едно информатичко општество ваквите процедури не би смееле да бидат подолги од 7 дена, бидејќи се отвара простор за манипулација.
Предложите и сугестиите на присутните ќе бидат вградени во финалната верзија на етичкиот кодекс. |