29.08.2007 Транспаренси интернешенал (ТИ) денес, ги повика владите да и дадат приоритет на борбата против корупцијата и да постигнат консенсус за конкретни предлози за преиспитување дали земјите потписнички на Конвенцијата на ОН против корупцијата, преземаат доволно активности за да ги исполнат своите обврски.
„Потпишувањето на спогодби е релативно лесен чекор за повеќето земји; тешкиот дел е да се осигура дека зборовите се поткрепени со дела. Цврст механизам за преиспитување е витален доколку владините заложби се насочени кон остварување резултати,“ рече Гилијан Дел, програмски менаџер на Конвенцијата во Транспаренси Интернешенал. „Тоа подразбира правичен, отворен и ефикасен систем за проверка на активностите преземени околу обврските“.
Специфични предлози за структурата на процесот за преиспитување се вклучени во извештајот на ТИ поднесен до Секретаријатот за Конвенцијата на ОН против корупцијата, пред одржувањето на состанокот на внатревладината работна група во Обединетите Нации во Виена од 29-ти до 31- ви август. Во извештајот се бара владите да се приближат кон договор во врска со севкупната структура на процесот на преиспитување и задачите оклу власта и обврските. |
Препораките за механизам за преиспитување се составени преку отворени консултации со владите, интернационални организации и граѓанското друштво во период од четири месеци и повикуваат на структура која вклучува веродостојно тело за преиспитување, цврст секретаријат, флесифилен и ефикасен систем за преиспитување и отворен процес кој ги вклучува гледиштата на граѓанското општество.
Извештајот на ТИ повикува за воведна фаза за програма за преиспитување во 2008- 2009 вклучувајќи собирање на информации, промоција на клучни определби, пилот програми за развој на методологии за спроведување на преиспитувања, техничка асистенција од донори за развој на земји и развој на процедури за соработка со организации за мониторинг за други конвенции кои е можно да се преклопуваат. Успешен процес за преиспитување исто така бара соодветно и сигурно финансирање и активна вклученост во граѓанското општество и приватниот сектор.
Процесот на преиспитување на земјите треба да започне сериозно во 2010, покривајќи клучни точки од секој дел на Конвенцијата на ОН против корупција. Една од целите на препораките на ТИ е да воспостави вклучителна мапа која ќе осигура прва рунда на преиспитување која ќе покрие 140 земји до крајот на 2014 година.
Конвенцијата на ОН против корупција е водечка глобална спогодба која ги обврзува владите да и се спротиставуваат на корупцијата преку превенција, криминализација, меѓународна соработка и техничка асистенција. Содржи иновативни одредби за имотни надоместувања. На првиот состанок на државите потписнички во 2006 година, владите се согласија дека мониторинг е неопходен и ја постави експертската работна група која ќе се сретне следната недела да ја дисутира структурата на механизмот и роковите за прегледување. Работната група е отворена за претставниците на сите потписнички страни. Предлозите договорени од страна на работната група потоа ќе бидат презентирани, дискутирани и ставени на гласање на втората Конференција на држави членки на почетокот на 2008 година.
Првата седница на потписниците на Конвенцијата на ОН против корупција се одржа во Јордан во декември 2006 година, кадешто владите се согласија за потребата на мониторинг процес и воспоставија работна договорена да се сретне следната недела да ја разгледа структурата на механизмот и роковите за прегледување. Исто така беше воспоставена работна група за имотни надоместувања која ќе се сретне во Виена од 27 до 28 август. Двете групи имаат задача да подготват предлози за втората седница на Конференцијата на држави членки која ќе се одржи во Бали. Индонезија од 28 Јануари до 01 Фебруари 2008 година.
|