17.09.2007 Транспаренси Интернешенал (ТИ) ја поздравува Иницијативата за надоместок на украден имот на Светската банка и Обединетите Нации. Ова е значаен елемент на Банката, за севкупниот напад на корупцијата. Програмата која ќе обезбеди ресурси за помош на државите да ги лоцираат и вратат имотите изгубени низ незакоснки постапки, е повик за будење за оние кои крадат и оние кои олеснуваат или засолнуваат украден имот.
Корупцијата исцедува ресурси кои можат да ја олеснат сиромаштијата, болестите и неписменоста се вкоренети. Годишното граничен проток од криминални активности , корупција и даночно затајување од страна на Иницијативата за надоместок на украден имот е проценет помеѓу 1 и 1.6 трилиони американски долари. Понатаму митото примено од страна на службени лица земјите во развој и се проценува на 20 до 40 билиони билиони американски долари годишно. Всушност овие проценки се груби еквиваленти на целосното годишно портфолио за позајмици на светската банка. |
Транспаренси интернешенал долго повикува на активности за да се стави крај на „безбедниот рај“ на ваквите фондови и да се обезбеди враќање на нивниот законски сопственик. Нашите национални претставништва низ светот активно поддржуваат вклучување во силните одлуки со ваква цел во Конвенцијата на Обединетите Нации против корупцијата. Со цел да се обезбедии соработка помеѓу развиените и земјите во развој.
Овозможување на целосните потенцијали на овие законски потреби ќе бара политичка волја и силна поддрча од многу страни. Лоцирање, замрзнување и враќање на украдени имоти ќе бара соработка помеѓу владите кои ќе бараат враќање , од финансиски институции кои ги држат имотите или влади кои ги водат тие институции и обезбедуваат прекуокеански сметки.
Граѓанското општество мора да одигра клучна улога во имплементација на Иницијативата за надоместок на украден имот, а критичката улога мора да биде рефлектирана во структурата на Иницијативата.
Светската Банка и други донори можат да имаат поддржувачка улога. Тие може да ги помагаат владите со вештини и ресурси, да навигираат комплексни процедури и законски побарувања, и да ги поддржат нивните напори во имплементација на олуките од Конвенцијата на обединетите Нации против корупција за транспарентни буџети, трошоци и набавки.
Тие исто така можат да создадат транспарентни и одржливи механизми за да осигураат дека враќањето на средствата е во корист на граѓаните. Државите исто така можат да санкционираат јавни компании кои се вклучени во корупција и да промовираат услужност од финансиски центри со правила против перење на пари.
Правосудни и финансиски системи кои добро функционираат се есенцијални во борбата против корупција и нациите треба да го поддржуваат нивниот развој. Иницијативата за надоместок на украден имот претставува значаен развиток и додава силно заплашување за оние коишто сакаат да го зграбат нивното хационално богатство и за тие кои свесно и неповратно си обезбедиле благосостојба за себе си. Со силно врвно лидерство од овие институции, од владите и од банкарската и законодавната заедница Иницијативата за надоместок на украден имот ќе стане значајна компонента за пошироката анти- корупциска реформска агенда.
Дополнително, сите држави мора да ја ратификуваат Конвенцијата на Обединетите Нации против корупција, глобалната законска рамка есенцијална за успехот за вакви иницијативи како што е Иницијативата за надоместок на украден имот. Досега четири од Групата од осум зеји сеуште ја немаат ратификувано: Канада, Германија Италија и Јапонија. |