01.02.2008 Transparency International и широкото граѓанско општество против корупцијата, заклучија дека главниот неуспех на “Интернационалната конференција против корупција” во Бали е договорот како независно да се оценува напредокот на земјите во имплементирање на Конвенцијата против Корупција на Обединетите Нации ( UNCAC ) .
Несогласувањето на конференцијата значи дека конкретните чекори ќе се решат на следната конференција за Конвенција во 2009 година , шест години откако овој инструмент беше усвоен. Граѓанските општествени групи се плашат од неуспехот од градење на сила за забрзување и деградирање на Конвенцијата од политичките редови. Тие го карактеризираа ова како разочарување на билионите жртви од корупцијата, кој што треба да се застапуваат од националните делегации на конференцијата на ОН.
Директорот за Глобални програми на Transparency International Кристијан Портман изјави дека : “Без силна програма за мониторинг, Конвенцијата на ОН нема да стане ефективна алатка во глобалната борба против корупцијата. И со ваква итна потреба за акција , и нанесување на сериозни последици за најранливиот дел од светот, светските лидери не можат да си дозволат да се вртат во круг”.
Во текот на конференцијата , понудите од преговарачките блокови широко се раздвоија за тоа како програмата за напредокот на земјите во развој треба да се заврши , транспарентноста на процесот и вклучувањето во граѓанското општество.
Откако заврши една недела тешки преговори , делегатите на земјите учесници се бореа последната вечер да постигнат нешто за консензус. Конфликтните позиции како улога на граѓанското општество ги држеа делегатите до крајот на конференцијата. Кога се се заврши , останаа многу прашања неразјаснети.
Покрај една недела од преговори, резултатот од Бали не успеа да го одржи ветувањето на првата конференција која се одржа во Јордан, од која произлезе препознатлив механизам за критика кој беше од највисока важност. Поради тоа е многу важно дека има тековна програма за состанување и планирање на ОН и владите во следните две години до наредната конференција, за да не биде испуштена уште една шанса.
Резултатите не беа како што граѓанското општество очекување дека ќе бидат, но имаше и неколку позитивни забелешки. Голем акцент се постави на надоместокот на украдени имоти , главни проблеми во земјите во развој вклучувајќи ја и Индонезија, Нигерија, Перу, кој се оптоварени со клептократски режим.
Договорот за ширење на програма за самопроценување на земјите и пилот програмата за испитување и собирање на собраниот труд, претставува најпристојни но и конструктивни чекори за градење на силен пристап за испитување. Успехот од сите аспекти на Конвенцијата зависи од моќноста на програмата за мониторинг.
Граѓанското општество притискаше за поголема заштита на критичните гласови, нагласувајќи ги тешкотиите на свиркачите, активистите, и новинарите кога зборуваат против корупцијата. Многу од репрезентативците на граѓаните кои беа на настанот, кажаа за болните лична средби со малтретирањето, заканите и одмаздите.
Координаторот на граѓанската општествена коалиција Кирсти Дру, од антикорупциската унија UNICORN изјави: “Успехот за борбата против корупцијата зависи од фундаменталноста и присуството на независни изјави и коментатори. Ние остануваме посветени да направиме оваа конвенција да успее, исто така го употребуваме правото да коментираме и критизираме, спремни сме да ја одиграме нашата улога како конструктивни партнери во процесот и како медијатори меѓу граѓаните , работниците , заедниците, владите и приватниот сектор”.
Лилијан Еканјанву, претседателката на Нигериската Коалиција за нулта корупција и член на Transparency International Nigeria разочарувачки изјави : Многу од нас , кој доаѓаа од земји каде што се работи за живот или смрт, ќе си одат дома и слушнаа само малку реторика. Тешко е да се пренагласува улогата на борбата против корупцијата гарантирајќи подобар и квалитетен живот и правичен економски раст. Затоа и дојдовме на оваа конференција”.