Скопје 07.12.2012, Со конференција на која првпат на една маса седнаа претставници на Државната комисија за спречување на корупцијата, на невладиниот сектор, на Министерството за правда, приватниот сектор и меѓународните организации ОБСЕ и УНДП, денеска беше одбележан Меѓународниот ден за борба против корупцијата, 9. декември.
Македонија, како што истакнаа ученсиците на конференцијата, напреднала во борбата против корупцијата, но се укажува на имплементација на законите.
Врз основа на истражување направено од ОБСЕ и ДКСК за перцепцијата на корупцијата во областите образование и спорт, јавна администрација, медиуми и граѓанско општество, општ е впечатокот дека корупцијата е многу присустна. – Но на прашањето како ја ценат корупцијата во трите области споредено со претходните четири години, поголем е пронцетот на тие што велат дека е нешто намалена, изјави Мира Димовска, член на ДКСК. Тоа, според неа, значи дека тоа е позитивен тренд што треба да го задржиме.
Повеќето граѓани сметаат дека Владата навистина се залага за спречување на корупцијата, но сериозна е забелешката дека борбата во спречувањето на корупцијата е многу селективна, необјективна и неправедна. – И тоа е вистински проблем за Македонија, смета Димовска.
Истражувањето го направи Рејтинг на 1.080 граѓани по случаен избор.
– Корупцијата, од овие три области, граѓаните најмногу ја перцепираат во јавната администрација, на национално и на локално ниво, втора област се медиумите, трето образованието, понатаму невладините организации, и спортот, посебно, професионалниот спорт. Од образованието, најмногу корупција се перцепира во високото образование. Како најкорумпиран се цени секторот професионален спорт, а проблемот се гледа најмногу во раководствата на спортските клубови. Што се однесува до медиумите општ е впечатокот на граѓаните дека постои висок степен на партизација и политизација и на невладините организации, рече Димовска.
Прашања биле поставени и за тоа дали граѓаните имаат посебно искуство со поткуп. -Деведесет и три отсто од испитаниците кажале дека немаат непосредно исксутво, што во споредба со некои други земји зборува дека поткупот и не е така застапен како една форма на корупција. Очигледно дека другите форми се поактуелни. Граѓаните што се изјасниле дека дале поткупот, рекле дека потпкупот колку оди директно толку оди преку посредник, колку го бараат толку и сами го нудат граѓаните. Главно оди во пари, вели Димовска.
Најавено е дека проектот ќе продолжи и оти ДКСК ќе истражува и во другите сектори, во соработка со ОБСЕ и Транспаренси интернешнл.
ДКСК досега има покренато 130 иницијативи до Јавното обвинителство, но мал е процентот на нивна реализација. Прашана да го коментира тоа, Димовска вели дека владеењето на правото значи дека таа институција да си го работи својот дел од работата, што значи да направи добра истрага, да ги прибере сите докази…
– Ние не можеме да го правиме бидејќи не сме надлежни ниту имаме логистика, и да ги провери сите случаи како би можела да оди постапката натаму со покренување обвинение со влегување во суд и судска пресуда и конечно со задоволување на правдата. Беше речено денеска дека ниту една институција не може да се справи со овој проблем сама. Подобро е да се апелира до секоја институција во рамките на тоа за што е надлежна, изјави Димовска.
Слаѓана Тасева истакна дека само вака заеднички може да се бориме против корупцијата. – Според индексот објавен пред два дена видовме дека Република Македонија и овој пат се наоѓа под половината односно има 43 поени, што е индикатор дека имаме многу работа во борбата против корупцијата, рече Тасева.
– Имаме одредени достигнувања во областа на донесување на законите и во воспоставување на институциите, но тие закони треба да се имплементираат, а институциите треба да се овозможи да бидат независни и да ја остваруваат својата функција, онака како што им е дадена во законот, изјави Тасева.
Клучниот елемент што и недостасува на Република Македонија во борбата против корупцијата, како што рече Тасева, е политичката волја.
Претставникот на ЕУ, Роберт Лидл истакна дека сите институции и компании се одговорни за борба против корупцијата. Тој се наврати на позитивниот Извештај за напредокот на Македонија, наведувајќи дека борбата со корупцијата е една од најважните одредници за секоја земја што сака да ја исполни европската перспектива.
Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерација истакна дека во насока на подобрување на борбата против корупцијата е издавањето на Бизнис етичкиот кодекс во насока да ја подобриме борбата и свеста кај работодавачите. – Истакната перцепција има за корупција за јавните набавки, здравството, начинот на кој се добиваат лиценците…, вели тој.