Анализата открива дека корупцијата придонесува за глобална криза на демократијата
Берлин, 29 јануари 2019 – Индексот за перцепција на корупцијата во 2018 година, објавен денеска од Транспаренси Интернешнл, открива дека континуираниот неуспех на повеќето држави за значително да ја контролираат корупцијата придонесува за криза на демократијата во светот.
"Со многу демократски институции под закана низ целиот свет – често од страна на лидери со авторитарни или популистички тенденции – треба да направиме повеќе за да го зајакнеме системот на проверки и рамнотежа и да ги заштитиме правата на граѓаните", изјави Патриша Мореира, генерален директор на Транспаренси Интернешнл. "Корупцијата jа оневозможува демократијата, создава маѓепсан круг каде што корупцијата ги поткопува демократските институции и, за возврат, слабите институции се помалку способни да ја контролираат корупцијата".
ИПК од 2018 година се базира на 13 истражувања и експертски проценки за мерење на корупцијата во јавниот сектор во 180 држави и територии, давајќи резултат од нула (висок степен на корупција) до 100 (“чисти” од корупција, или степенот на корупција е на значително ниско ниво). За да ги видите резултатите, посетете го следниот линк: www.transparency.org/cpi2018
Клучни поенти за ИПК
Повеќе од две третини од државите имаат резултат под 50, со просечен резултат од само 43. Од 2012 година, само 20 држави значително ги подобриле своите резултати, вклучувајќи ги Аргентина и Брегот на Слоновата Коска, а 16 значително ги намалиле, меѓу кои е Австралија, Чиле и Малта.
Данска и Нов Зеланд се наоѓаат на врвот на индексот со 88 и 87 поени. Сомалија, Јужен Судан и Сирија се на дното на индексот, со 10, 13 и 13 поени. Регион со највисоки резултати е Западна Европа и Европската Унија, со просечен резултат од 66, додека регионите со најниски резултати се Супсахарска Африка (просечен резултат е 32) и Источна Европа и Централна Азија (просечен резултат е 35).
Корупцијата и кризата на демократијата
Вкрстената анализа со глобалните податоци за демократијата открива врска помеѓу корупцијата и демократскиот просперитет. Развиените демократии имаат просечен резултат 75 на ИПК; Средно развиените демократии имаат просечен резултат од 49; хибридните режими – кои покажуваат елементи на автократски тенденции – резултат 35; автократските режими ги имаат најлошите резултати, со просечен резултат од само 30 на ИПК.
Примери за овој тренд, резултатите на ИПК за Унгарија и Турција се намалија за осум и девет поени, во текот на последните пет години. Истовремено, Турција беше пониско рангирана од "делумно слободна" до "не слободна", додека кај Унгарија беше регистриран најнизок резултат во однос на политичките права од падот на комунизмот во 1989 година. Овие рејтинзи го одразуваат влошувањето во однос на владеењето на правото и демократските институции, како и оневозможениот простор на делување на граѓанското општество и независните медиуми, во тие држави.
Генерално, државите со високо ниво на корупција може да бидат опасни места за политичките противници. Практично сите држави каде политички – поврзаните убиства се наредени или оправдани од владата се оценети како високо корумпирани за ИПК.
Држави кои треба да се мониторираат
Со резултат од 71, САД изгубија четири поени од минатата година, симнувајќи се од листата на првите 20 земји на ИПК за прв пат од 2011 година. Нискиот резултат доаѓа во време кога САД се соочуваат со закани во однос на својот систем на спреги и кочници, како и ерозија на етичките норми на највисоките нивоа на моќ.
Бразил падна за два поени од минатата година на 35, исто така, здобивајќи се со најнизок резултат на ИПК за седум години. Заедно со ветувањата за ставање крај на корупцијата, новиот претседател на државата јасно стави до знаење дека ќе владее со силна рака, заканувајќи се на многу од демократските пресвртници постигнати во државата.
"Нашето истражување прави јасна поврзаност помеѓу постоењето на консолидирана демократија и успешно борење против корупцијата во јавниот сектор", изјави Делија Фереира Рубио, претседател на Транспаренси Интернешнл. "Корупцијата е многу поверојатно да “процвета” каде што демократските постулати се слаби и, како што видовме во многу држави, каде што не – демократските и популистичките политичари можат да ги искористат за нивна корист".
За да се постигне вистински напредок во борбата против корупцијата и да се зајакне демократијата во светот, Транспаренси Интернешнл ги повикува сите влади да:
• да ги зајакнат институциите одговорни за одржување на системот на спреги и кочници над политичката моќ и да се обезбеди нивна способност да функционираат без интимидација;
• да го затворат јазот во имплементацијата помеѓу антикорупциското законодавство, практика и спроведување;
• да ги поддржат граѓанските организации кои ја зајакнуваат политичката вклученост и јавниот надзор над трошењето на владата, особено на локално ниво;
• да поддржат слободни и независни медиуми, и да обезбедат сигурност на новинарите и нивната способност да работат без заплашување или малтретирање.
Белешки за уредниците
Нашата вкрстена анализа на Индексот за перцепција на корупцијата во 2018 година, поврзана со глобалната криза на демократијата, вклучува податоци од Democracy Index, изработен од The Economist Intelligence Unit, Freedom in the World Index , изработен од Freedom House и Annual Democracy Report, изработен од Varieties of Democracy (V-Dem).
За Транспаренси Интернешнл
Транспаренси Интернешнл е глобална невладина организација која води борба против корупцијата во последните 25 години. Придружете нѝ се нашите напори на transparency.org.
За Индексот на Перцепција на Корупција
Од основањето во 1995 година, Индексот за перцепција на корупцијата, водечки истражувачки метод на Транспаренси Интернешнл, стана водечки глобален индикатор за корупција во јавниот сектор. Индексот нуди годишен извештај за релативниот степен на корупција преку рангирање на државите и териториите од целиот свет. Во 2012 година, Транспаренси Интернешнл ја ревидираше методологијата што се користеше за конструирање на индексот за да овозможи споредба на резултатите од една година до наредна. За повеќе информации, посетете ја страницата www.transparency.org/research/cpi.