Корупцијата има најразлични облици и може да вклучува:

  • Јавни службеници коишто бараат или земаат пари и услуги во замена за некаква услуга
  • Политичари коишто ги злоупотребуваат јавните пари, доделуваат работни позиции или договори на своите спонзори, пријатели, семејства
  • Компании коишто ги поткупуваат функционерите за да добијат поволни договори

Корупцијата вообичаено се случува дискретно и во зависност од тоа како и каде се манифестира честопати е овозможена и со помош на банките, адвокатите, сметководителите, нетранспарентните трансакции, перењето пари, несразмерното богатење.

Која е цената на корупцијата?

Политичка

    • Слободата на граѓаните и владеењето на правото

Општествена

    • Довербата на граѓаните во владата и системот и јавната вклученост во донесувањето на одлуки и политики

Еколошка

    • Правото и можноста за здрава животна средина и одржлива иднина

Економска

    • Можноста на граѓаните да имаат повеќе финансиски средства, како и да си го зголемат личниот финансиски приход