22.02.2007 Собранието на Република Македонија го донесе Законот за јавна внатрешна финансиска контрола со кој треба да се постигне поголема финансиска дисциплина, заштита од неефикасно користење на ресурсите, малверзации и погрешно управување, откривање и минимизирање на значајните фактори на ризик, промовирање на економично, ефикасно и ефективно работење, придржување кон законите, подзаконските и интерните акти, како и насоките на раководењето со субјектите. Извор: Вечер |