30.05.2007 Транспаренси Интернешнал (ТИ) ќе ја одржи својата годишна регионална средба за Европа и централна Азија во Баку на 31 Мај со високопрофилна антикорупциска конференција: „Борба со корупцијата и реформирање на институциите во транзициони економии“.
Конференцијата ги зближува анти-корупциските активности, вклучувајќи ја и националната единица на Ти во овој регион, интернационални експерти и водачи на граѓанското општество од околу 40 земјо во Европа и централна Азија, од Ирска и Монголија. Меѓу излагачите ќе бидат вклучени симболични реформски фигури од транзициските економии вклучувајќи ја поранешната романска министерка за правда Моника Маковеј и полскиот економист Лесзек Балцеровиц.
Конференцијата на ТИ, чиј домаќин е владата на Азербејџан а кофинансирана е од агенцијата за интернационален развој на Соединетите смерикански држави (УСАИД) ќе послужи како платформа за размена на стратегии за борба против корупцијата и можност за се дискутираат специфичните регионални прашања како што се предизвиците на транзицијата и изворите на националното богатство. Азербејџан којшто е независен повеќе од 15 години и со светски највисок забележан ЏДП раст во 2006 ја симболизира можноста и предизвиците со кои се соочува регионот. |
„Настан како овој има потенцијал да ја стави корупцијата повисоко на дневниот ред на домаќинот и соседните земји и да даде ново забрзување на постоечките реформи- рече Хјуџет Лабел, претседател на Транспаренси Интернешнал. Лабел понатаму го истакна значењето на продолжувањето на напорите за анти- корупциските реформи велејќи: „Таквите реформи никогаш не се лесни и не се случуваат преку ноќ. Затоа политичката волја е од суштинско значење.“.
Конференцијата ќе се одржи во Гулустенската палата во Баку. Претседателот и членовите на Анти-корупциската комисија и јавниот обвинител на Азербејџан ќе имаат свои излагања како и амбасадорот на Соединетите американски држави во Азербејџан.
Г-дин Рамиз Мехдијев, , раководител на извршната канцеларија на Претседателот на Азербејџанската република и претседател на анти-корупциската комисија рече: „Азербејџанските природни ресурси претставуваат единстевана можност за модернизирање на нашата економија и подобрување на положбата на нашиот народ но знаеме дека ваквата дикамика носи свои ризици. Ова беше примарната мотивација за приклучување кон Екстрактивната иницијатива на Транспаренси и бевме една од првите земји која го стори тоа. Ја поканивме Транспаренси Интернешнал да ја одржи својата регионална средба во Баку затоа што сакаме да интензивираме анти-корупциската реформа заснована на исклучителното искуство на ТИ. Азербејџан покажа политичка волја за борба против корупцијата и собра искуство од оваа област.
Коментирајќи ја изразената поддршка од Владата за борба против корупцијата Рена Сафараилева, Извршен директор на ТИ Азербејџан рече: „Ова претставува добредојден развој. Се нудиме себе си како конструктивен партнер во асистенција со нашата експертиза и да го мониторираме прогресот кон постигнување на анти-корупциските цели кои што Владата ги поставува пред себе. |