19.11.2007 „Нови случаи на индицирана употреба на физичка сила врз граѓани, во кои се замешани и Алфите“, наведува Хелсиншкиот комитет во најновиот месечен извештај за состојбата на човековите права во Македонија. Случаите се темелат на претставки и лекарски докази од лица кои тврдат дека биле физички малтретирани во полициски станици. Хелсиншкиот комитет констатира дека зголемениот број на вакви случаи во последно време делува загрижувачки и апелира до МВР да спроведе објективна внатрешна истрага за утврдување евентуална одговорност од полициските службеници. |
Во извештајот за октомври, ХК се осврнува и на реформите во судскиот систем, при што констатира нивен застој и поголем број слабости во функционирањето на правосудниот систем. Хелсиншкиот комитет ја коментира и одлуката на претседателот Бранко Црвенковски за помилување на Александар Верушевски, поврзувајќи го овој случај со одбивањето за помилување на Ибраим Сулејмани, единствениот осуден за воени злосторства сторени во конфликтот во 2001 година. Комитетот изразува „загриженост од двојниот стандард во одлучувањето и има впечаток дека е искажана нескриена лицемерност во заложбата за почитување на човековите права од страна на шефот на државата“, се наведува во Извештајот.
Извор: Макфакс |