10.12.2007 Во рамките на проектот „Култура на законот наспроти корупција“, Транспарентност- нулта корупција организира тркалезна маса која ќе се одржи на 11.12. 2007 (вторник) во хотелот „Стоун Бриџ’ во Скопје со почеток во 11 часот.
На тркалезната маса ќе присуствува државниот секретар од Министерството за образование и наука на Република Македонија, г-дин Перо Стојановски, директори, наставници и ученици од средните училишта во Скопје.
Целта на проектот е да го зголеми познавањето на јавноста со владеењето на правото и потребата од превенција на корупцијата во Република Македонија. На тркалезната маса ќе се дискутира за улогата на воспитно- образовниот систем во борбата против корупцијата, етиката на наставниците и етиката на учениците.