Петер Еиген награден со граѓанската награда Густав- Хејнеман за 2007 година
19.12.2007 Петер Еиген, основач на Transparency International, ја имаше честа да ја добие граѓанската награда Густав- Хејнеман, престижно признание кое се доделува годишно на индивидуи и организации, кои значително придонеле кон слободно и правично општество.
Почесниот говор од страна на Кофи А. Анан, поранешен Генерален секретар на Обединетите Нации, ја сумираше антикорупциската дејност на Еиген и нејзината важност, и ја наведе корупцијата како основен проблем на доброто управување и одржливиот развој.
Обраќајќи му се на Еиген како на глобален граѓанин, Анан рече дека тој и служел на сопствената земја и на целиот свет. Анан исто така го истакна Глобалниот договор на ОН, програма сочинета да ги вклучува бизнисите во остварување на општествени цели. Анан рече дека Еиген се борел за десеттиот принцип во пресретнување на корупцијата. Како резултат на тоа Анан го нарекува „принципот на Петер“.
„Оваа награда е многу значајна почест. Се гордееме на Петер и сме благодарни за неговата визија, неговото водство и неговиот инспиративен дух којшто доведе до тоа Transparency International да стане светски раширено движење какво што е денес и за тоа корупцијата да не биде нечист збор шепнат во коридорите, туку препознаен проблем против кој сите ние треба да се бориме“ рече Хјуџет Лабел, претседател на Transparency International.
Церемонијата којашто се одржа на 17 декември во штабот на германската Социјал- демократска партија (СДП) исто така го вклучуваше и говорот на германскиот министер за финансии Пеер Стеинбрук кој потенцираше дека владите и бизнисите мора да работат посилно во борбата против корупцијата и му заблагодари на Еиген што ги посочи проблемите, давајќи и решенија. Поздравни забелешки имаа и Кристина Рау, вдовица на Федералниот претседател Јохан Рау и Др. Хенинг Счерф, поранешен градоначелник на Бремен. Двајцата се во одборот на доверители што одлучува за наградата.
Петер Еиген е претседател на Советодавниот совет на Transparency International и претседател на Extractive Industries Transparency Initiative (EITI).
Густав Хејнеман, водечки политичар од западна Германија, со строго портфолио на реобединување и антимилитаризам беше претседател на Федерална република германија од 1969 до 1974 година. Наградата е доделена од страна на претседателството на Социјалистичко- демократаската партија на германија и одборот на доверители на Густав- Хејнеман наградата.