Синдската агенција за јавни набавки исто така ќе воведе прописи и ќе постави етички кодекси и процедури за јавни набавки, проверка на квалитетот на стоките, услугите и работењето, набљудување на практиките за јавните набавки како и препораки за подобрување на управувањето, транспарентноста, одговорноста и квалитетот на јавнате набавки на стоки, како и севкупен мониторинг во агенциите за набавка.
Transparency International–Pakistan, е единствената граѓанска организација во Пакистан во полето за антикорупција. Таа е една од 90те членки на глобалната организација Transparency International. Оваа организација е неполитичка, непристрасна, непрофитна која работи со јавноста и приватниот сектор борејќи се против корупцијата со неконфронтирачки пристап.
TI–Pakistan формира коалиции со други граѓански и невладини организации, како и владини агенции и приватни организации за да ги воведат и зајакнат реформите за елиминација на корупцијата. Друга цел е да се поттикне јавната свест така што властите и граѓанското друштво ќе станат посвесни за своите права и обврски како и негативните последици од корупцијата.