05.03.2008 Корупцијата во здравството чини многу повеке отколку само пари. Големи средства исклучиво наменети за здравството, поради лавиринтот на сложени и матни зделки под владение на "подземните води на мафијата" никогаш не стигнуваат до вистинските корисници токму поради коруптивните дејства. Иако голем дел од здравствените работници одговорно си ги извршуваат своите надлежности, сепак бројни појави на подмитувања и измами се присутни токму во сферата на здравствените услуги. Почнуваќи од безначајни ситни кражби и изнудувања, па се до нелегални активности како средства за стекнување на голем, но валкан капитал.
Болниците почнаа да се користат како приватни сервиси за стекнување незаконски добивки, преку матни и сомнителни набавки на опрема и фиктивни вработувања. Имајќи предвид дека лицата со хендикеп поголем дел од својот живот го поминуваат во затворените институции или центрите за рехабилитација и како континуирани кориснисници на здравствените услуги, често се подложени на "малата", но и на "големата" корупцијата,,.
Оттука е и интересот на Полио Плус да се вклучи во борбата против корупцијата. Бидејки борбата против коруптивниот синџир е прашање важно колку за поединецот толку за самата држава, колку за денешниот ден толку за иднината, колку за стабилноста на нашето општество толку повеќе за правната сигурнос на секој граѓанин.
Во оваа револуција, која е предмет на голем број владини и невладини организации и институции, Полио Плус на 5 март во хотел Континентал ќе ја обзнани кампањата: "КОРУПЦИЈАТА ВО ЗДРАВСТВОТО – РАК РАНА ВО ОПШТЕСТВОТО".
Оваа иновативна кампања Полио Плус ќе ја спроведе на национално ниво и има за цел да ја лоцира корупцијата од позитивна страна (не во смисла оние таму примаат митоо туку од позиција јас/ние не примам/е митоо. Ваквиот позитивен пристап ќе овозможи соработка токму со оние кои се жртви на нудењето мито, и нема да предизвика заземање одбранбен став.
Преку партнерство со претставниците од оние не така атрактивни области во здравството за барање/нудење мито, ќе овозможиме позитвно да повлијаеме на промена на пристапот како на примателите/барачите, така и на давателите/нудачите на мито.
Активностите ќе се одвиваат на три нивоа во насока на остварување на поставените цели: подигнување на свеста, креирање и јакнење на капацитети на организации кои суштински можат да влијаат за намалување и спречување на корупцијата, како и учество во креирањето на законската рамка што ја уредува релацијата лекар – пациент за стеснување на просторот за нудење/примање мито.
Оваа кампања е само еден од чекорите во надминувањето на една од најмалигните и најдеструктивни општествени појави во светот. – Корупцијата во здравството .
Извор: Вешер