Кога младите зборуваат за политички интегритет, тоа не е апстрактна лекција по граѓанско образование, туку прашање за нивната иднина. Довербата во институциите, одлуките што влијаат врз животната средина, правдата и можностите за развој, „Лице в лице“ ги преиспитуваа низ креативен израз.
Со настанот „Осмели се, инспирирај, промени – политичкиот интегритет низ очите на младите“, што се одржа на 11 февруари 2026 година во „Europe House“ во Струга, Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ отвори простор каде уметноста станува алатка за јавен дијалог. Сите дела од изложбата ги објавуваме онлајн – како архивa на младинскиот став, но и како потсетник дека политичкиот интегритет започнува со свесноста и храброста да се постави прашање.
За сите вас кои што не ја видовте изложбата во живо, ја поставуваме оваа онлајн галерија со селектирани дела од повикот.
ПРВО МЕСТО:
„Јазол“
Андријана Весовска, Скопје
Корупцијата и непотизмот се заплеткани како црева. Патот надвор од овој лавиринт без почеток и крај, е на хоризонтот. Излезот бара храброст да се пресечат конците. Делото поттикнува да ја видиме ситуацијата од друга перспектива и да бараме акција.
„До кога вака?“
Андријана Весовска, Скопје
Раката на корупцијата се обвива околу нас како змија. До кога ќе трпиме, до кога ќе се гушиме?
ВТОРО МЕСТО:
„Преку глава ни е!“
Бисера Ќурчинска, Куманово
Сакаме да живееме, а не да преживуваме. Преку глава ни е од систем што ги фаворизира врските, пред знаењето и искреноста. Време е да се искажеме и да бараме почит, можности и правда.
ТРЕТО МЕСТО:
„Разбуди сѐ“
Аника Цветановска, Скопје
Во град полн со убавина што мами и ветувања што лебдат на хоризонтот, еден лик гледа јасно. Делото е повик да ја тргнеме тивката покорност, да ги тргнеме розовите очила и да престанеме да веруваме во соништата што ни се продаваат како среќа.
СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА:
„Дишеме изговори“
Климентина Соколовска, Македонска Каменица
Секојдневно „дишеме“ ветувања што исчезнуваат во воздухот: „немаме надлежност“, „се работи на тоа“, „таква е процедурата“… Овие изговори оставaт трага врз нашите животи. Но, сите сме на ист „брод“. Последиците од недостатокот на транспарентност и отчетност ги чувствуваме заеднички.
Останатите дела од изложбената галерија моќе да се погледнат на следниот линк : https://licevlice.mk/mladite-politicki-integritet-galerija-onlajn/










