26.03.2008 Владата не чувствува одговорност за негодувањето на странските компании кои учествуваа на тендерот за хидроцентралите Чебрен и Галиште. Вицепремиерот Ставревски надлежностите ги префрла во Министерството за економија, кое неколку месеци е без министер. Од економија велат дека тендерската комисија за хидроцентралите ќе се произнесе утре. Дали ќе биде продолжен тајмингот за доставување на финансиските понуди за Чебрен и Галиште, сепак финално ќе одлучи Владата.
Норвешката компанија Статкрафт и австриската Вербунд побараа дополнителен рок обвинувајќи ја Владата дека еднострано го променила концесискиот договор за ХЕЦ Тиквеш, кој беше адут за привлекување на инвеститори. Во меѓувреме и забележаа на Владата дека веќе остварила контакт со нивниот конкурент германската фирма РВЕ. Пет компании влегоа во потесната трка за хидроцентралите Чебрен и Галиште. Целиот бизнис тежи над половина милијарда евра. Крајниот рок за доставување на финансиските понуди е в петок.
Извор: Вечер