Владата и Министерството за економија си ја префрлаат одговорноста за Чебрен и Галиште

powerplant 26.03.2008 Владата не чувствува одговорност за негодувањето на странските компании кои учествуваа на тендерот за хидроцентралите Чебрен и Галиште. Вицепремиерот Ставревски надлежностите ги префрла во Министерството за економија, кое неколку месеци е без министер. Од економија велат дека тендерската комисија за хидроцентралите ќе се произнесе утре. Дали ќе биде продолжен тајмингот за доставување на финансиските понуди за Чебрен и Галиште, сепак финално ќе одлучи Владата.

 

 

Лошото судство ги измачи граѓаните

znaknapravdata 26.03.2008 Неостварување на правото на судење во разумен рок, дискриминација, бавен и несериозен процес на денационализација, нееднаквиот третман при вработувањето, урбанистичкиот хаос, недоволната грижа на надлежните за животната средина, лош однос на полицијата кон граѓаните – вака Народниот правобранител ја оценува изминатата 2007 година.

Народниот правобранител Иџет Мемети смета дека Владата и министерствата не соработуваат доволно со омбудсманот и со тоа ја попречуваат неговата работа да ги штити правата на македонските граѓани.