01.04.2008 Одборот на Европскиот Парламент во вторникот се јави за мандатен регистер и законик за управување на претставниците од индустријата кој ги советуваат функционерите за законодавството на Европската Унија.
Критичарите велат дека 15000 лобисти во Брисел имаат премногу колебања во планирањето на законите на Европската Унија, на случаи од рангирање на црни листи со лоши хемикалии до поставување заштитни филтри за испуштање на јаглероден диоксид и носење на нови закони за застапницисте на овие услуги.
Ваквите мерки може да имаат голем финансиски удар врз компаниите со кој се соработува, односно земјите од 27 националниот блок.
Записникот предложен од Одборот за јавни односи би бил валиден за сите ЕУ институции, вклучувајќи ја и Извршната комисија која ги предложува законите и Советот на ЕУ министрите кои заедно со Парламентот ги одобрува законите. Одборот исто така ги повлече плановите кои обврзуваат на целосна финансиска поддршка од лобистите и советниците, вклучувајќи ги и нивните приходи и сите останати трошоци кои се поврзани со лобирањето на ЕУ, во овој случај не се исклучени ни фондовите и трошоците добиени од невладините организации.
Сите предлози треба да се одобрат од Европската комисија пред да стапат на сила. Извршителното тело на ЕУ минатата година, постави волонтерски записник во кој се бара од лобистите да наведат за кого тие всушност работат и колку нивните клиенти плаќаат да се прикажат нивните ставови на претставниците на ЕУ.
Брисел прераснува во центар на советници за јавни односи кои работат за посебни компании и индустриски групи, бизнис лобисти, невладини организации, добротворни организации и разновидни политички тела кои се фокусираат на економија, стратегија и слично. Односно претставуваат конкуренција на истите овие структури кои се наоѓаат во Вашингтон.
Критичарите велат дека едно од најважните законски тела е создадено од лобистите, кои можат да се забележат како се движат слободно низ институциите на Европската Унија, покрај сите строги правила за нивен пристап таму.
Извор:The Associated Press