03.04.2008 Германските обвинители истражуваат дали инженерската групација Сименс платила милиони долари, прикриени пари, за да го покрие подмитувањето што го користела за да добие бизнис зделки, изјави еден весник. Неколку осомничени го искажаа ова тврдење на обвинителите, изјави Sueddeutsche Zeitung во средата без да го даде изворот за оваа информација.
Проверуваме дали постојат криминални факти. – портпаролот на Минхенската обвинителна канцеларија изјави како одговор на извештајот, одбивајќи да образложува.
Портпаролот на Сименс изјави дека тој неможе да разговара за случај кој што сеуште е под истрага.
Документот кажува дека групацијата им платила на консултантите сума од 18 милиони марки – случајот датира пред појавата на еврото – и потоа додала повеќе пари за да го купи нивното молчење од големата корупција. Неколку пати им било исплатувано затоа што се заканувале дека ќе ја изложат јавно информацијата.
Доколку е точно, тврдењата се повеќе од лоши за Сименс, кој има потврда за заработка од1,3 билиони евра во сомнителни исплати во периодот од 1999 до 2006 година. Германскиот суд веќе ги казни со 201 милион евра за случајот.
Скандалот ги чини Сименс 1.6 билиони во досегашните казни, записници и судски трошоци. Исто така, Сименс се соочува со драстични санкции од Американската Комисија за хартии од вредност и менување, која што отиде дотаму што му забрани на Сименс да склучува договори со Америка.
Претседателот Герхард Кроме бара помирување во разговорите со АКХМ.
, Ние сме во процес на влез во преговори, со Американската регулатива, истакна портпаролот на компанијата.
Извор: Ројтерс