09.02.2009 Нема успех со најголемите инвестициски проекти од енергетиката, кои со години се најавуваат како приоритетни за надминување на енергетската криза која и се заканува на Македонија. Само во последниве две години над седум тендери завршија со поништување или се претворија во процедури без крај и без конкретно објаснување зошто нема потпишани договори со потенцијалните инвеститори. Неколкупати поништени и одново објавени беа тендерите за ТЕЦ Неготино, за хидроцентралите "Чебрен", "Галиште", "Бошков мост", а неизвесни се и процедурите за комбинираната гасна електрана "Енергетика", како и за малите хидроцентрали.
Стручната јавност, а неретко и самите инвеститори, речиси за сите постапки реагираа дека има пропусти во тендерските услови и критериуми, но досега од никого не се побара одговорност за неуспесите.
Министерот за економија Фатмир Бесими, чие министерство ги организира и води постапките, нема конкретен одговор зошто пропаѓаат тендерите. Министерот смета дека треба да се почека да завршат и одново објавените тендери и да се види дали има пропусти. Според него се уште е рано да се бара одговорност за неуспесите.
"Треба да се види дали во постапката има субјективна одговорност или причините за поништување на тендерот се објективни. Ако се субјективни ќе се побара одговорност. Нека завршат прво постапките, па после ќе видиме каде е одговорноста", вели министерот Бесими.
Сите проекти кои следат, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ – "Преродбата во 100 чекори надградена и проширена" се наведени како позначајни проекти на оваа Влада:
– По речиси две години од објавувањето на првиот од серијата од три тендери за наоѓање концесионери за малите хидроцентрали, досега ниту еден понудувач нема потпишано договор за изградба на централа. Сите три тендери се во тек.
Според министерот Фатмир Бесими уште е рано да се каже дали првиот тендер за мали хидроцентрали е неуспешен. Министерот вели дека уште трае постапката со која се прецизираат условите од договорите што понудувачите треба да ги потпишат. На прашањето колку од нив се откажаа од договорите поради долгата процедура, министерот вели "не многу".
"Во поставениот рок ние добивме дел од договорите што им беше доставен на понудувачите. Тие ги дадоа своите забелешки, но ние им кажавме дека ова е последна варијанта на договорот. Комисијата работи бидејќи треба да се направат уште некои технички усогласувања. Оние кои ќе ни ги достават потпишани финални верзии и ние ќе ги потпишеме, а останатите локации за мали хидроцентрали пак ќе ги објавиме на тендер", објаснува Бесими.
Изградбата на првиот пакет од вкупно 400 мали централи, досега требаше да почне, а според владините најави на секои шест месеци до крајот на 2009 година треба да се распишуваат тендери за нова група мали централи. Инвестицијата во мала хидроцентрала се цени како ниска инвестиција која брзо се враќа, но долгата процедура на потенцијалните инветитори им создаде непотребни трошоци.
– До средината на месецов во Министерството за економија се очекува да пристигнат и понудите за хидроцентралата "Бошков мост". Ова е трет обид за наоѓање инвеститор за изградба на "Бошков мост". Тендерот беше објавен пред околу една година, но постапка се развлече поради парламентарните избори. Меѓу познавачите на енергетскиот бизнис веќе се слушаат гласини дека и овој тендер ќе биде поништен од слични причини како и тендерот за хидроцентралите "Чебрен" и "Галиште".
Претходните влади на два пати потпишаа договори со малезиската компанија "Хиснијага корпорејшн" за изградба на "Бошков мост", но договорите останаа само на хартија.
Вкупна инвестиција во "Бошков мост" се проценува на околу 70 милиони евра, а треба да се изгради за 4 години.
– По два неуспешни тендери за "ТЕЦ Неготино", Владата одлучи да не ја продава термоцентралата. Продажбата на ТЕЦ Неготино се заговараше со години поради високата цена на мазутот. Првиот тендер го објави претходната влада на СДСМ и за најповолна ја избра понудата на ЕВН поја понуди инвестиција од 750 милиони евра. Но, по изборите во 2006 година, Владата на Груевски го поништи тендерот, и распиша нов тендер. Овојпат прворангирана беше бугарска фирма "Хач", но по тримесеци натегања тогашната министерка за економија Вера Рафајловска не се согласи да го потпише договорот. И двата тендери официјално беа поништени поради нерегуларни и нецелосни документи.
– И тендерот за комбинираната гасна електрана "Енергетика" е пролонгиран. Наместо до 21 јануари 2009 година, заинтересираните компании понудите можат да ги доставуваат и во текот на март годинава. Портпаролот на ЕЛЕМ Мирче Котевски вели тендерот е продолжен на барање на потенцијалните учесници.
ЕЛЕМ, која во септември 2008 година го објави тендерот, бара фирма или конзорциум за заедничко вложување во изградбата на комбинираната гасна електрана "Енергетика". Вредноста на овој проект се проценува на околу 250 милиони евра, од кои ЕЛЕМ ќе учествува со околу 30 милиони сопствени средства.
– Во текот на декември 2008 година Министерството за економја распиша втор тендер за хидроцентралите "Чебрен" и "Галиште, откако Владата одлучи да го поништи првиот бидејќи не можеле да ги оценат и споредат понудите на двајцата учесници германската "РВЕ" и австриски "Вербунд". Поништувањето на тендерот по речиси шест месечна процедура на евалуација на понудите, стручната јавност го оцени како лош сигнал до сите потенцијални инвеститори, дополнувајќи дека и самата процедура била нетранспарентна. Вредноста на овие два проекта се проценува на над 500 милиони евра.

Извор: Вест