02.09.2009 Образовните и државните институции се најнетранспарентни, односно не го почитуваат законот за слободен пристап до информациите. Такви се барем податоците што вчера ги изнесе Државната комисија за заштита на слободниот пристап до информации од јавен карактер.
Според Комисијата, граѓаните доставиле 605 жалби против образовни институции, кои не го почитувале законот. Државните институции се втори на оваа негативна ранг-листа. Против нив имало 405 жалби. За непочитувањето на правото на слободен пристап до јавните информации имало 81 жалба против локалната самоуправа. Иако најчесто критикувана, за нетранспарентност на судската власт имало само 41 жалба. Последни се јавните претпријатија и установи со дејност од јавен карактер, чиј однос кон законот е обжален од 24 граѓани.
Извор: Дневник