09.12.2009 Транспарентност Нулта корупција, членка на Transparency International во Македонија и оваа година го одбележува Меѓународниот ден за борба против корупцијата ( IACD – International Anti-corruption Day ) 09ти Декември со низа активности кој ќе го одбележат овој ден, каде што сите заедно ќе и кажеме НЕ на корупцијата. ТНК заедно со Стопанската Комора на Македонија и Стопанската комора на Северо-Западна Македонија на овој ден свечено ќе им додели сертификати на компаниите од нашата земја кои оваа година се избрани за “Компании со добро корпоративно управување 2009“. Настанот ќе се одржи во просториите на Стопанската комора на Македонија со почеток во 17 часот.
Транспарентност Нулта корупција како дел од Коалицијата – Македонија Нулта корупција заедно со 17те организации кои се членки на оваа коалиција, овој ден ќе го одбележат низ цела земја, а ќе биде организирани настани во повеќе градови во Република Македонија каде што граѓаните ќе се придружат и ќе и кажат НЕ на корупцијата.
Оваа година, Транспарентност Нулта корупција за Меѓународниот ден за борба против корупцијата изработи “Прирачник за полесно остварување на правата на граѓаните пред државните институции“ кој ќе им биде поделен на граѓаните на Република Македонија со цел тие подобро да се запознаат со корупцијата, и како успешно да се справат со ова зло.
По овој повод, Претседателот на ТНК, Проф. Слаѓана Тасева имаше интервју во Утрински весник.
Придружете ни се и вие, заедно да и кажеме НЕ на корупцијата
.