Се додека нема систематска пресметка со корумпираните структури борбата против корупцијата нема да дава резултати
Адриан Ауперле за Антикорупција вели дека по објавувањето на глобалниот Индекс за перцепцијата на корупцијата, главната канцеларија на ТИ сепак го мониторира напредокот на земјата, колку таа се посветува на решавање на препораките содржани во извештајот и дали ги применува.
„Извештаите за напредокот на земјите аспиранти за Европската Унија кои ги изготвува Европската Комисија, содржат независен извештај за делот за напредокот во борбата против корупцијата кој го изготвуваме ние и потоа и го предлагаме на Комисијата. Тие прават и своја независна анализа, но ги земаат предвид и нашите препораки кои ние им ги понудуваме во извештајот“, вели Ауперле за Аникорупција.
Оттаму секоја земја, особено Македонија, која е долго време земја кандидат за започнување на преговори со Унијата, треба многу сериозно да ги сваќа овие извештаи да се фокусира на подобрување на сликата за борбата против корупцијата бидејќи тоа е едно од главните патокази по кои треба да се ориентира земјата, додава Ауперле.
„Проблемот со Балканските земји и Македонија и нивните негативни извештаи за борбата против корупцијата најчесто се случуваат поради тоа што тие имаат многу нови закони, тие изгледат многу добро, некогаш подобро и од оние на старите земји членки на Европската Унија, но ако погледнеме како тие се имплементираат се добива сосема поинаква слика“, вели Ауперле.
Ауперле смета дека причината поради која извештаите на Транспаренси Интернешнал не се сваќаат толку сериозно колку оние на Европската комисија, кои како што напоменавме се потпираат на анализи на ТИ, е бидејќи Комисијата има поголема моќ и респект.
„Нашите годишни извешти не треба да се споредуваат од година во година, Владите го прават тоа затоа што се случува да им се допадне позицијата на која што се нашле, но сепак извештајот на Комисијата содржи детална и документирана анализа за напредокот на земјата на сите полиња“, појаснува Ауперле.
Ауперле потенцира дека за борбата против корупцијата да даде вистински резултати Владата треба вистински да сака да се пресмета со овој проблем. Потребни се поцврсти, појасни и потемелни закони.
„Македонја како земја кандидат за започнување на преговори за приближување кон Европската унија не смее да си дозвли да остави дупки во законите, тие треба да бидат добро структуирани, но и имплементирани. За тоа да се случи не треба да ве потсетува Европската комисија, за тоа е потребна волја одвнатре од земјата дека треба да се направат промени. ЕК може да ве поттурне и да ве советува и да ви даде помош, но доколку вашата земја навистина сака да се приклучи кон Унијата и сака да ги постигне европските стандарди таа треба прво самата да се реформира“, советува Ауперле. Тој додава дека медиумите исто така може да одиграа многу важна улога во борбата против корупцијата.
Ауперле вели дека покрај глобалниот извештај, ТИ на локално ниво во Македонија и во други земји имаат отворено адвокатски центар каде што луѓето можат да пријават корупција и да добијат бесплатен правен совет како да постапат доколку се нашле во коруптивна ситуација. „Ние ги собираме ваквите случаи и врз основа на нив ги одредуваме местата кои се најранливи и подложни на корупција“, додава Ауперле.
„Доколку добиваме поплаки само од луѓе кои биле во ситуација да им биде побаран поткуп од страна на полицијата, значи нешто не е во ред со полицијата и се фокусираме на изнаоѓање на начини и препораки како да се превенира коруптивното однесување на полицијата“, вели Ауперле.
Ауперле вели дека ТИ како невладина организација нема мандат за да спроведува истраги, но за во иднина една од промените кои ќе се случат во ТИ е дека тие ќе бидат поотворени и јавно ќе зборуваат за конкретни големи случаи на корупција.
„Понекогаш ви е потребен некој навистина важен случај, за кој постојат силни докази за да направите некаква промена во општеството. Тоа ќе го прави Транспаренси Интернешнал во иднина“, вели Ауперле за Антикорупција.
„За да ја постигнете некоја цел која сакате да ја постигнете не можете секогаш да се однесувате дипломатски, мора понекогаш да ја кажете целата вистина јавно“, додава Ауперле.
Според Ауперле, за успешна борба против корупцијата најдобро би било доколку антикорупциското тело во земјата е независно, но доколку имате незавина агенција за борба против корупцијата, независна од сите видови на власт, извшна ,судска и законодавна, треба да и се даде моќ таа сама да спроведува истраги, на високо профилирани случаи без никакви надворешни притисоци.
Ауперле потенцира дека борбата против корупцијата не започнува со пресметката со корумпираните високо позиционирани официјални лица, доколку навистина сакаме успешна борба против корупцијата треба да погледнеме и на локално ниво, на местата каде што не се обрнува внимание бидејќи таму се случува исто така корупција. Се додека не се почне со систематска пресметка со корум
пираните структури борбата против корупцијата нема да дава резултати, завршува Ауперле.
Извор: Антикорупција