Берлин 26ти октомври – Владите вложуваат огромни суми за да се справат со најголемите проблеми во светот, поради нестабилност на финансискиот пазар, климатски промени и сиромаштија, но сепак се соочуваат со корупцијата како пречка за постигнување на потребниот прогрес, според Индексот на перцепција на корупцијата (CPI) 2010 на Transparency International (TI), со кој се мери корупцијата во домашниот јавен сектор, а е објавен денес.
Индексот на перцепција на корупцијата за 2010 покажува дека приближно три четвртини од 178 земји во резултатите на индексот се под 5, на скала од 0 ( се сметаат за високо коруптивни) до 10 (се сметаат за земји кои имаат ниско ниво на корупција), што укажува на сериозни проблеми со корупцијата.
cpi_2010-presentation 239.57 Kb
macedonia_ranking_cpi_1999-_2010 36.04 Kb
metodologija_na_cpi_2010 78.01 Kb
ti_cpi_najcesto_postavuvani_prasanja 175.28 Kb
cpi2010_sources_2010-11-04 238.50 Kb
“Овие резултати се сигнал дека треба да се направат значително поголеми напори за да се зајакне доброто владеење низ целиот свет. Кога егзистенцијата на многу луѓе е во прашање, владините заложби за антикорупција, транспарентност и одговорност мора да зборуваат низ нивните активности. Доброто владеење е од есенцијално значење за решението на глобалната политика со која се соочуваат владите денес.” изјави Huguette Labelle, Претседател на Transparency International.
Владите, за целосно да се справат со овие предизвици, мора да ги интегрираат антикорупциските мерки во сите сфери, од справувањето со финансиската криза и климатските промени, до обврските од меѓународната заедница да ја искоренат сиромаштијата. Поради ова, Transparency International се залага за построга имплементација на Конвенцијата на ОН против корупцијата, единствената глобална иницијатива која што нуди рамка за ставање крај на корупцијата.
“Овозможување на корупцијата да продолжи со ова темпо е неприфатливо; премногу сиромашни и ранливи луѓе низ целиот свет продолжуваат со страдање поради нејзините последици. Ние мора да видиме поголемо спроведување на постоечките закони и правилници. На корумпираните или пак на нивните пари, не треба да им се остава простор” изјави Labelle.
Индекс на перцепција на корупцијата 2010 : Резултати
Во Индексот на перцепција на корупцијата за 2010, Данска, Нов Зеланд и Сингапур го делат првото место со резултат од 9.3. Нестабилните влади, со чести појави на конфликти, продолжуваат да доминираат на дното на скалилото на Индексот на перцепција на корупцијата. Авганистан и Мјанмар го делат второто од претпоследното место со резултат од 1.4, а Сомалија доаѓа последна со резултат од 1.1.
Во случаите во кои резултатите за поединечни земји остануваат исти, и таму каде што има можност за соработка, вистински промени во перцепцијата може да се потврдат. Со користењето на овие критериуми, можно е да се воспостави подобрување на резултатите од 2009 година во 2010 за, Бутан, Чиле, Еквадор, Македонија, Гамбија, Хаити, Јамајка, Кувајт и Катар. Слично на ово, пад во резултатите од 2009 во 2010 може да се идентификуваат во Република Чешка, Грција, Унгарија, Италија, Мадагаскар, Нигерија и Соединетите Американски Држави.
Финансиски последици
Значајни опаѓања има во земјите кои беа погодени од финансиската криза, предизвикани од дефицит на транспарентност и интегритет. Меѓу оние кои се подобруваат, одсуствуваат членки Организацијата за економска соработка и развој што го подвлекува фактот дека сите нации треба да ги поткрепат своите механизми за добро владеење.
Според проценката на Transparency International, 36 индустријализирани земји се дел од антикорупциската конвенцијата на Организацијата за економска соработка и развој, која што го забранува поткупот на странски претставници. Дваесет од овие земји малку или воопшто не ги спроведуваат правилата, праќајки погрешен сигнал за посветеноста да се намалат коруптивните практики.
Иако корупцијата продолжува да ги мачи младите држави, попречувајќи ги нивните напори за зајакнување и изградба на институциите, заштита на човековите права и подобрување на егзистенцијата, меѓународните коруптивни текови исто така значителен проблем,
“Резултатите од овогодинешниот Индекс на перцепција на корупцијата повторно покажуваат дека корупцијата е глобален проблем на кој мора да се обрне внимание при реформирањето на глобалните политики. За пофалба е заложбата на Групата 20 во спроведувањето на финансиските реформи за спроведување на транспарентност и интегритет во пресрет на нивниот ноемвриски самит во Сеул, изјави Labelle. “Но процесите на реформи мора да се забрзаат.”
Transparency International
Transparency International ги повикува Г20 да дадат поголемо овластување на владите при вршењето надзор и транспарентност за сите мерки кои ги преземаат, а со цел намалување на системскиот ризик и можностите за корупција и измама во јавниот и во приватниот сектор.
Пораката е јасна: низ целиот свет, транспарентноста и одговорноста се од критично значење за враќање на довербата и намалување на брановите корупција. Без нив, глобалните политички решенија на многу глобални кризи стануваат ризични.