Експертскиот тим ја утврдија следната постапка и рокови за избор на компанија со добро корпоративно управување:
1. Право на учество во изборот имаат сите компании регистрирани во Република Македонија
2. Компаниите треба да достават одговор на секое од поставените прашања од критериумите за евалуација. При тоа треба да се наведе точниот број на прашањето на кое се однесува објаснувањето .
3. Со доставениот одговор да се достават документи, образложенија и други информации од кои може да се потврди тврдењето.
4. Одговорите на прашалникот и документите да се достават најдоцна до 26 ноември 2010 година на адреса на "Транспарентност – Нулта корупција", ул. Наум Наумовски Борче 58, П. Фах 270 1000 Скопје.
5. Експертите ќе ги разгледуваат документите и ќе го извршат изборот на компаниите Сертификати ќе им бидат доделени на компаниите кои ѓе освојат 90% од предвидените бодови
6. Сертификатите на избраните компании ќе им бидат доделени на Светскиот ден за борба против корупцијата 9 декември 2010 година.
Ве повикуваме да се вклучите во оваа активност која е насочена кон зајакнување на стандардите во корпоративното работење но и кон засилување на севкупните мерки за нулта толеранција на корупцијата во Република Македонија.
За повеќе информации посетете ги веб страните: www.transparency.org.mk , www.mchamber.mk и www.oemvp.org