Мислењата во врска со анти- корупциските трендови се најнегативни во Европа и Северна Америка, каде што 73 %, односно 67 % од луѓето сметаат дека корупцијата забележува пораст во последните три години.
И покрај овие резултати, истражувањето исто така дојде до наоди дека секој седми од 10 луѓе е спремен да пријави случај на корупција.
obrakjanje_tnk_9_dekemvri_2010 118.49 Kb
prezentacija_gcb_2010 150.07 Kb
gcb_2010_cesto_postavuvani_prasanja 115.36 Kb
“Последиците од финансиската криза се уште продолжуваат да влијаат врз ставовите на луѓето во врска со корупцијата, особено во Европа и Северна Америка. Секаде, институциите мораат да бидат одлучни во нивните напори за враќање на доброто владеење и довербата“ смета Хугет Лабел, претседателката на Transparency International. „ Ветувачки е тоа што толку многу луѓе се подготвени да се борат против корупцијата, па затоа е потребно да се мобилизира нивната подготвеност“.
Глобалниот корупциски барометар за 2010 опфаќа повеќе од 91.000 луѓе во 86 земји и територии. Барометарот се фокусира на ситниот поткуп, перцепциите за јавните институции и кому луѓето му веруваат во борбата против корупцијата.
Ситен поткуп: важност на разликите по региони
Истражувањето покажува дека во последните 12 месеци еден од четворица платил поткуп на една од девет институции и служби, почнувајќи од здравствени, па се до образовни и даночни институции. Според мислењето на испитаниците, полицијата се наведува како најчестиот примач на поткуп со тоа што 29% од оние кои имале контакт со полицијата изјавиле дека платиле поткуп.
Супсахарските Африканци плаќаат најмногу поткуп: повеќе од еден од двајца луѓе пријавиле дека платиле поткуп во последните 12 месеци. Во споредба со ова, 36 % од испитаниците на Блискиот Исток и Северна Африка, 32 % од поранешните републики на СССР, 23 % во Латинска Америка, 19 % во земјите од Западен Балкан и Турција, 11 % во пацифичка Азија и само 5 % во членките на Европската Унија и Северна Америка пријавиле дека платиле поткуп во последните 12 месеци.
Повеќе од 20 земји бележат значителен пораст на ситниот поткуп во споредба со 2006 година кога истото прашање било дел од барометарот. Најголем број на пријавен ситен поткуп бил забележан во Авганистан, Камбоџа, Камерон, Ирак, Индија, Либерија, Нигерија, Палестина, Сенегал, Сиера Леоне и Уганда, каде што повеќе од 50 % од испитаниците изјавиле дека платиле поткуп во последните 12 месеци.
Околу половина од сите испитаници изјавиле дека платиле поткуп за да избегнат проблеми со властите, додека ¼ изјавиле дека причината за плаќањето поткуп била да се забрза процедурата.
Најзагрижувачки е фактот што поткупот во полицијата се зголемил за половина во споредба со 2006 година, а сéповеќе луѓе пријавуваат дека плаќаат поткуп на правосудството, и за регистрации и дозволи во споредба со состојбата од пред пет години.
Поткупот и сиромашните
Демографијата на поткупот продолжува да ги става во понеповолна позиција сиромашните и младите. Како и во минатите истражувања, и во ова истражување е забележано дека оние кои имаат ниски примања пријавуваат дека платиле повеќе поткуп во споредба со оние кои имале повисоки примања. За посиромашните двојно повеќе е веројатно дека ќе платат поткуп за основни услуги, како на пример за услуги од образование, во споредба со побогатите луѓе.
„Корупцијата е регресивен данок. Оваа неправда мора да се разреши. Маргинализираните групи и сиромашните остануваат најранливи на изнуда. Владите треба да вложат поголеми напори за да ги идентификуваат ризиците од корупција во основните услуги и за да ги заштитат граѓаните“, рече Лабел.
Една третина од сите луѓе под 30 години изјавиле дека платиле поткуп во последните 12 месеци, споредено со еден од пет луѓе на возраст од над 51 година кои платиле поткуп во последните 12 месеци.
Недоволно доверба во јавните службеници
За жал, малку луѓе им веруваат на нивните влади и политичари. Осум од 10 велат дека политичките партии се корумпирани или екстремно корумпирани. Веднаш после нив за најкорумпирани се сметаат граѓанските услуги и парламентот.
Пола од испитаниците сметаат дека напорите на нивните влади за запирање на корупцијата се неефективни. Ова се оправдува со малите промени кои настанале со текот на времето. Во секој случај, мислењата од 2007 година наваму се влошиле во пацифичка Азија, Латинска Америка и Супсахарска Африка, додека се подобриле во поранешните републики на СССР и Северна Америка.
Иако голем дел од испитаниците – седум од 10 – изјавиле дека би пријавиле корупција доколку истата ја забележат, сепак само половина од испитаниците би ја пријавиле корупцијата доколку тие се жртви на истата.
„Порака од Барометарот за 2010 е дека корупцијата е опасна и дека прави луѓето да ја загубат довербата. Добрите вести, пак, се дека луѓето се подготвени да реагираат“, рече Лабел. „Подобра заштита на оние кои пријавуваат корупција и поголем пристап до информации се пресудни. Јавниот ангажман во борбата против корупцијата ќе ги присили властите да реагираат и ќе им даде на луѓето понатамошна храброст за гласно да зборуваат и да се спротивстават, а со цел да допринесат кон почист и потранспарентен свет“, додаде таа.
Transparency International е водечка глобална граѓанска организација во борбата против корупцијата
Белешка за уредниците: Барометарот, односно неговото седмо издание, опфаќа 86 земји и беше реализиран помеѓу 01.06.2010 и 30.09.2010 година. Во името на Transparency International истражувањето го изведе Gallup International во 84 земји. Во Бангладеш истражувањето го спроведе ТИ Бангладеш, додека пак во Монголија истражувањето го изведе Независното раководство за борба против корупцијата во Монголија.